18 Мај, 2024
0.0268

Која македонска компанија надмина „дупка“ од 140.000 евра?

Објавено во: Економија 20 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќето од македонските компании имаат загуби или помали добивки во однос на лани, а со тоа и помал профит, но ретко која бележи неверојатен раст. Засега наградата за пресврт во работењето треба да оди во рацете на Теал АД Тетово кои од загуба која изнесувала околу 140.000 евра стигнаа до добивка вредна околу 50.000 евра за само три месеци од годинава.

Годинава Теал АД Тетово остварил вкупно приходи од 56,2 милиони денари или за дури 35 милиони денари повеќе во однос на К1 2016. Од 1,5 милиони денари во овој квартал продажбата на домашен пазар „скокнала“ до 17,2 милиони денари, додека пак продажбата на странски пазар од 18,5 милиони денари е дуплирана на 38,9 милиони денари.

Секако со зголемени активности ТЕАЛ АД Тетово ги зголемил и расходите, но не премногу што значи дека ем ја надмина ланската голема загуба, ем оствари позитивен квартал. Оперативните расходи од 51,2 милиони денари се добро распоредени за трговски стоки 5,1 милион денари, суровини и материјали 36,1 милион денари, вработени 3,6 милиони денари што е речиси идентично како лани кога најверојатно биле ангажирани ист број на вработени и немало отпуштања.  Лани под ставката останати расходи од работењето со вредност од 4,8 милиони денари ги направил најголемите издадотоци, а тие во К1 2017 воопшто ги нема.

Теал АД Тетово се занимава со производство на алуминиумски профили и легури, додека главни производи се: алуминиумски профили и алуминиумски инготи. Од 2003 година, претпријатието бележи постојан пораст на производството и продажбата. Во 2006, 2007 и 2008 година кога светот дожиевеа економски бум и потрошувачката го достигна врвот, Во Теал биле произведени максимални количини од над 2000 тони алуминиумски профили и легури годишно. По економската светска криза се стесни пазарот за македонските металуршки компании, но со закрепнувањето на економиите полека се враќа и нивото на продажба.

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа