04 Мај, 2024
0.0240

Која е сумата што ја предомисли Џенифер Лопез да се врати во „American Idol‘‘

Објавено во: Стил 12 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Џенифер Лопез официјално се враќа во популарното талент шоу „Американски идол‘‘ и тоа за рекордни 17,5 милиони долари.  Tаа тврди дека парите не се  мотивација за нејзиното враќање. „Тоа е една од тие работи...ми беше тешко прв пат да го напуштам шоуто... ама признавам , дека сега е најлошиот период повторно да се ангажирам во идол‘‘ изјавила во интервјуто на Рајан Сикрест. „Моментално снимам два филма , го очекувам и излегувањето на албумот , но ова го правам затоа што сакам. Навистина сакам! Знам дека луѓето зборуваат за парите , но за мене, парите не се во прашање‘‘ Џенифер кажува и дека се спријателила со своите колеги од шоуто, судиите, Кит Урбан , Хари Коник со кои што и отишла на вечера. Таа додава - „Хари е доста шеговит  и е многу директен , но го има шармот на момче од Њу Ореланс‘‘ 13-тата сезона на „Американскиот идол‘‘ ќе започне на 15 јануари. Лопез беше дел од 10 -тата и 11 -тата  сезона по што го откажа својот ангажман во шоуто.