18 Мај, 2024
0.4197

Која е новата ветена земја за копачите на биткоини?

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Откако се дозна дека кинеските државни регулатори подготвуваат нови закони со кои ќе ги потиснат копачите на криптовалути меѓу кои и биткоинот, се повеќе се размислува за следната земја која ќе биде како „ветена“ за рударите. Една од нив е Канада бидејќи станува збор за западна демократија каде важат принципи како владеење на правото и постои одредена правна сигурност дека нема преку ноќ да дојде до големи последици врз големите компании за креирање на криптовалути кои ангажираат огромен број на компјутерски машини при што доаѓа до енермно трошење на електрична енергија.

Токму стабилната влада и евтината електрична енергија се главна причина поради која гигант како BTC.Top кои ќе отворат фарми за „копање“ биткоини токму во Канада. 

Трошокот за создавање на биткоин или друга криптовалута преку технологијата наречена блокчејн каде се вршат отклучувања на блокови со информации за трансакциите кои се заштитени стануваат се повисоки бидејќи се троши огромна количина на електрична енергија. 

Во Кина претежно струјата се произведува од јаглен, па затоа и е евтина, но вистинскиот трошок е врз животната средина поради огромното загадување. 

За вкупните операции за копање на биткоини се троши повеќе струја од колку една модерна и развиена земја во светот. Исто така клучен фактор за успешните крипто-фарми е и изворот на ладење, па така најчесто тие се создаваат околу хидро-централите бидејќи со водата може да се креира соодветен систем на ефикасно ладење.

Затоа Ерик Мартел, директорот на хидро-централата од Квебек ги повака крипто-рударите да дојдат во Канада и да искористата 5000 мегават часови електрична енергија, а за ладење да се потпрат и на студената канадска клима покрај водениот систем. Главната причина за повикот е да се развие локалната економија во Квебек, Канада. 

Засега точниот износ на кинески инвестиции во Канада не може да се утврди, но доколку продолжат овие трендови на преселба на бизнисите може да се говори за доста солидна сума за потрошувачка на енергија, интернет и ладење.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа