18 Мај, 2024
0.0336

Која е Cemdag Lightning Europe компанијата која влегува во ТИРЗ Скопје?

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Владата не вчерашната седница се пофали дека потпишале договор за прва браунфилд инвестиција во ТИРЗ Скопје 1 со влез на турската компанија Cemdag Lightning Europe која треба да отвори 100 нови работни места и да инвестира 5 милиони евра.

„Владата донесе одлука за согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1, со Друштвото за трговија, услуги и производство Џемдаг Лајтинг Еуропа. Ова е прв договор за гринфилд инвестиција според критериумите од новиот План за економски раст кој беше промовиран непосредно пред Нова Година, вреден 5 милиони евра, и предвидува 100 нови вработувања“ соопштија од Владата на РМ.

Cemdag Lightning Europe е турска компанија основана во 1968 година, а има главно седиште во Измир како и оперативни во најголемите турски градови како Истанбул, Анкара и Бурса. 

Cemdag Lightning Europe според јавно достапните информации има 3 фабрики за производство кои се распрострираат на површина од 41.000 метри квадратни, и е лидер на турскиот пазар за осветлување. 

Компанијата Cemdag Lightning Europe произведува светилки за улично осветлување, рефлектори, големи системи за осветлување, производи за индустриско и осветлување на деловен простор и системи за домашно осветлување. Cemdag Lightning Europe тврдат дека воведуваат постојани иновации и вложуваат многу во развој и истражување.

Засега од компанијата официјално не ја потврдиле веста за влез во Македонија на нивната службена веб страна. 

Владата предводена од коалицијата на СДСМ се заложи за еднаква поддршка на домашните и странските инвеститори, како и откривање на сите услови во договорите кои претходното раководство ги склучуваше со компаниите кои инвестираа во зоните за да се утврдат сите трошоци и ефекти од вложувањата. 

Затоа сега ќе очекуваме и објавување на детали од договорот на Владата со Cemdag Lightning Europe.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа