05 Август, 2021
0.0275

Која банка колку брои?

Објавено во: Економија 23 Септември, 2020

„Комерцијална банка“ останува најголема банка од аспект на вредноста на средствата, а НЛБ Банка и Халк банка во корона услови книжат најголеми растови (период од шест месеци до крај на јуни годинава н.з.). Кај шест банки вредноста на средствата е намалена во однос на крајот на 2019 година, а најмалите две успеале да ја одржат својата пазарна позиција

Средствата (активата) на 15 македонски банки на крајот на јуни годинава, во корона услови, надмина 9 милијарди евра, покажуваат официјални податоци. Активата на банкарската индустрија на крајот на јуни годинава изнесува точно 9,084 милијарди евра и тоа е за 135 милиони евра повеќе од износот на средствата со кои располагале банките на крајот на декември лани.

Ова е многу значаен показател за стабилноста и потенцијалот на македонскиот банкарскиот сектор и за неговиот капацитет за надминување на последиците од корона кризата која трае веќе шест месеци.

Најзначано за издвојување е тоа што „Комерцијална банка“ и понатаму останува најголема домашна деловна банка (од аспект на средства со кои располага) пред другите четири големи банки распоредени по следниот редослед: Стопанска банка Скопје, НЛБ Банка, Халк Банка и Охридска банка.

Од друга страна пак најголем раст на средствата во овој период од шест месеци има НЛБ Банка пред Халкбанка и Комерцијална банка. Наспроти нив најголем пад на средствата во овој период бележи, очекувано, Еуростандард банка.

Во овие шест месеци 9 од 15 банки бележат зголемување на средствата, а кај шест банки тој тренд е негативен и нивните средства на крајот на јуни се пониски од состојбата на крајот на декември лани.

Која банка каде е?

„Комерцијална банка“ книжи средства во вредност од 2,040 милијарди евра на крајот на јуни годинава.  Тоа е за 40 милиони евра повеќе од крајот на декември лани, растот е 1,9 отсто, а пазарното учество на најголемата банка изнесува 22,5 отсто во вкупната актива на банкарскиот сектор. Нејзиното пазарно учество е за 0,1 отсто поголемо од крајот на 2019 година. Втора е Стопанска банка Скопје со актива од 1,641 милијарди евра и тоа е за 19 милиони евра повеќе односно за 1,2 отсто. Нејзниот „маркет шер“ е 18,1 отсто. Трета е НЛБ која на крај на 2019 година има средства во вредност од 1,5 милијарди евра што е за 65 милиони евра повеќе од крајот на декември лани. Растот е 4,5 отсто, а пазарното учество изнесува 16,5 отсто што е за 0,5 отсто повеќе од пред шест месеци. Идентичен раст на пазарното учество книжи и Халкбанка. Со тоа што вредноста на нејзините средства на 30 јуни изнесува 995 милиони евра, 62 милиони евра повеќе, за пазарно учество од 11 отсто. Активата на најмалата од големите банки, Охридска банка (која наскоро ќе се присоедини со Шпаркассе банка) на крај на јуни е зголемена за 9 милиони евра и изнесува 699 милиони евра. Во групата на банки кои имаат пазарно учество поголемо од 5 отсто до 30 јуни е и „Прокредит банка“. Нејзината актива изнесува 497 милиони евра, 5 милиони евра зголемување за шест месеци. Пазарното учество е 5,5 отсто и нема промени во период од шест месеци.

Слоиден раст на активата има УНИ Банка и тој изнесува 14 милиони евра, што на претходната состојба од369 милиони евра прави прогрес од 10 отсто и зголемување на пазарното учество за 0,1 отсто до 4,2 отсто.

Освен „Еуростандард банка“ чие намалување на вредноста на средствата е најголемо за овој период и изнесува 34 милиони евра пад на вредноста на средствата има и кај други пет банки од кои една е државната банка за поддршка на извозот. Најмалите две банки, според вредноста на активата, „Силк роад банка“ и „Капитал банка“ бележат зголемување на вредноста на средствата што е доволно за одржување на нивното пазарно учество од 1,2 отсто за „Силк Роад банка“ односно 0,5 отсто за најмалата „Капитал банка“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА 11 МИЛИОНИ ЕВРА „ГРАНИТ“ ЌЕ ПРАВИ УСЕК ЗА РАЗДВОЈУВАЊЕ - РЕК Битола реализира голема јавна набавка

ЗА 11 МИЛИОНИ ЕВРА „ГРАНИТ“ ЌЕ ПРАВИ УСЕК ЗА РАЗДВОЈУВАЊЕ - РЕК Битола реализира голема јавна набавка

Пожарникарите во Македонија со многу помали плати од полицајците и војниците, најдоброплатени чуварите во затворите

Пожарникарите во Македонија со многу помали плати од полицајците и војниците, најдоброплатени чуварите во затворите

Железничкиот сообраќај одблокиран: Ако доцнат платите ќе има нови блокади

Железничкиот сообраќај одблокиран: Ако доцнат платите ќе има нови блокади

ПАУНОВСКИ ЗА ФАКТОР: Се вратив на местото главен инспектор во УЈП Тетово, со Заев повеќе не можам да бидам пријател, а „рамковните“ тргнале на работа во ДПИ

ПАУНОВСКИ ЗА ФАКТОР: Се вратив на местото главен инспектор во УЈП Тетово, со Заев повеќе не можам да бидам пријател, а „рамковните“ тргнале на работа во ДПИ

Генерали Инвестментс: Првата недела од август не донесе значителни промени во динамиката на економиите

Генерали Инвестментс: Првата недела од август не донесе значителни промени во динамиката на економиите

Македонија гаси жед, расте продажбата на „Прилепска пиварница“! Добивката скоро милион евра!

Македонија гаси жед, расте продажбата на „Прилепска пиварница“! Добивката скоро милион евра!

МЖ Транспорт, МЖ Инфраструктура, АД НЕР, Тетово, Охрид, МРТ... – кој го изгради државниот долг од 333 милиони евра

МЖ Транспорт, МЖ Инфраструктура, АД НЕР, Тетово, Охрид, МРТ... – кој го изгради државниот долг од 333 милиони евра

Кој ќе може да добива надоместок од државата со новото законско решение за стечајци?

Кој ќе може да добива надоместок од државата со новото законско решение за стечајци?

„Фактор“ Банк – ранг листа! Кој е џокер во ракавот на банките?

„Фактор“ Банк – ранг листа! Кој е џокер во ракавот на банките?