02 Мај, 2024
0.7574

Која банка има добивка од 23 милиони евра до крај на септември?

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Во корона услови една од трите најголеми банки држи темпо како и лани. Нето приходите од камати на „Стопанска банка Скопје“ се намалени само за 2 отсторезервациите се зголемени за 22 отсто, кредитирањето порасна за речиси 100 милиони евра. Добивката за првите девет месеци е 23,1 милиони евра и тоа е за 18 отсто послабо од лани

„Стопанска банка Скопје“ има финансиски резултати кои ќе ги охрабрат акционерите и потенцијалните инвеститори во овие специфични корона услови. За првите девет месеци кредитирањето на банката порасна за 98 милиони евра во споредба со крајот на декември лани. Нето приходите од камати се одржуваат на високо ниво и се намалени за помалку од 900.000 евра и изнесуваат 44,1 милиони евра.

Втората приходната ставка остануваат провизиите и надоместоците. Од нив банката инкасирала нето износ од 8,9 милиони евра и тоа е за 1 милион евра послабо од истиот период лани. Иако мала по износ приходна ставка банката има пад и на останатите приходи од дејноста. Тие изнесуваат 3,5 милиони евра и се за 1,6 милиони евра пониски од истиот период минатата година. Генерално банката во овие услови бележи одмерено послаби резултати кои воопшто не се лоши ако се има во предвид глобално, регионално и национално состојбата во реалниот сектор.

Резервациите очекувано се најголема расходна ставка на страната на трошоците на банката. Тие изнесуваат 11,8 милиони евра за девет месеци и се за 2,1 милиони евра повисоки во споредба со истиот период лани. За да се долови контекстот мора да се истакне дека во овие девет месеци банката го зголемила кредитирањето за 98 милиони евра до износ од 1,18 милијарди евра.

Паралелно со тоа растат и вложувањата во државни хартии од вредност. Тие на крај на септември изнесуваат 186 милиони евра и се за 32 отсто повисоки во споредба со состојбата на крајот на 2019 година. Овие податоци доволно говорат за состојбата, потенцијалот, финансиската кондиција и капацитетот на оваа голема деловна банка.

Депозитите на клиентите на „Стопанска банка Скопје“ на крај на септември изнесуваат 1,3 милијарди евра и се за 30 милиони евра повисоки од крајот на претходната година.

Добивката на оваа банка за првите девет месеци годинава изнесува 23,1 милиони евра и во однос на лани бележи пад од 5 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија