19 Мај, 2024
0.1395

Која банка дава највисока просечна плата?

Објавено во: Финансии 06 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Просечната месечна плата во четирите најголеми банки во земјава е двојно повисока од државниот просек, покажува истражувањето на „Фактор.мк“ во кое беа обработени податоци од годишните извештаи и од билансите на успех за 2016 година на:„Комерцијалан банка“, „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка Скопје и „Охридска банка“, четирите најголеми деловни банки во земјава.

Обработката на податоци покажа дека најголема просечна плата на своите вработени исплаќа НЛБ Банка Скопје, пред „Комерцијална банка“, која е за нијанса со повисока просечна плата од „Стопанска банка Скопје“ и пред „Охридска банка“.

НЛБ Банка Скопје дава највисоки плати

Словенечката аквизиција во земјава НЛБ Банка Скопје исплаќа највиоска просечна плата на своите вработени. Обработката на податоците покажува дека лани таа банка имала 855 вработени и за нив исплатила 750,4 милиони денари за бруто плати. Тоа значи дека бруто годишна плата по вработен лани изнесувала околу 877.660 денари односно 73.138 денари на месечно ниво во бруто износ. 

Со оглед на тоа дека сите придонеси, данокот и давачките изнесуваат околу 30 отсто од бруто платата, оваа банка лани исплаќала просечна месечна нето плата од околу 51.200 денари по вработен. Оваа банка во 2016 година работеше исклучително добро и оствари нето добивка од работењето во износ од 1,58 милијарди денари односно 25,6 милиони евра. За плати и надоместоци на своите 855 вработени таа банка исплати околу 12,2 милиони евра.

„Комерцијална банка“ за нијанса повеќе плаќа од „Стопанска банка Скопје

“Втора по големина на просечна плата е „Комерцијална банка“ која лани на своите 1.055 вработени им исплатила бруто износ од 844,5 милиони денари. Оваа банка има најмногу вработени од сите домашни деловни банки. Просечната годишна бруто плата за лани изнесува 800.474 денари по вработен односно околу 66.700 денари на месечно ниво. Просечната нето плата во „комерцијална банка“ лани изнесувала околу 42.700 денари. „Комерцијална банка“ лани остварила нето добивка во износ од 872,4 милиони денари односно 14,1 милиони евра. Износот за трошоци за вработените во „Комерцијална банка“ е поголем од нејзината нето добивка. 

Нејзиниот најголем конкурент „Стопанска банка Скопје“ за лани исплатила 796,7 милиони денари бруто плати за 1.052 вработени. Просечниот годишен трошок по вработен е 757.319 денари односно на месечно ниво бруто платата изнесува 62.110 денари.Просечната нето плата по вработен во „Стопанска банка Скопје“ изнесува околу 44.180 денари. Вработените во „Стопанска банка“ лани произвеле 2,24 милијарди денари односно околу 36,3 милиони евра добивка за акционерите на банката. Оваа е најдобитната банка во споредба со конкуренцијата.

„Охридска банка“ е најмалата меѓу најголемите четири банки. Нејзината добивка лани изнесува 435 милиони денари нешто над 7,2 милиони евра. Таа банка вработува 409 лица, најмалку во споредба со конкурентите и нејзиниот фонд за плати лани изнесувал 295,2 милиони денари. Просечната годишна нето плата изнесува 721.760 денари односно на месечно ниво таа изнесува 60.147 денари. Просечната нето платата шо ја исплатила оваа банка за лани изнесува околу 42.100 денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат