02 Мај, 2024
0.0319

Кој зема 103 милиони евра дивиденда од македонските компании?

Објавено во: Економија 24 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Дваесетина компании ги наградија своите акционери со дивиденда за ланското работење. Бруто износ од 103 милиони евра беше исплатен на сопственици на акции. Повеќе од половината од овие компании традиционално исплаќаат дивиденда на своите акционери и помагаат да јакне културата на инвестирање во корпоративни инструменти

Годинава 20 акционерски друштва чии акции се тргуваат на Македонската берза за хартии од вредност исплатија дивиденда на своите акционери. Вкупниот износ на бруто дивиденда изнесува 103 милиони евра, а од тоа за данок државата инкасираше околу 10 милиони евра. Во споредба со исплатената дивиденда лани(која се однесува на добивката во 2016 година н.з.) годинава износот е за 62 милиони евра понизок. Сличен износ на годишениов бил исплатен и во 2916 година од добивиките кои компаниите чии акции се тргуваат на берзата ги оствариле во нивните добивки во 2015 година.

Прва на листата според бруто исплатен износ е „Стопанска банка Скопје“ која за своите акционери годинава од ланската добивка издвоила 33,146 милиони евра дивиденда во бруто износ. Акцијата на оваа банка, од аспект на исплатена дивиденда,  во последните три години важи за една од најдоходовните инвестиции на македонскиот пазар на капитал. На второ место според бруто износот на исплатена дивиденда е најголемата домашна телекомуникациска компанија „Македонски телеком“ која исплати бруто износ од 25,686 милиони евра. На третата позиција е УСЈЕ, дел од најголемата групација за поризводство на цемент ТИТАН со реализација од 12,5 милиони евра.

Кои се другите компании со исплатени дивиденди во милиони евра?

НЛБ Банка исплати 8,61 милиони евра во бруто износ за своите акционери од добивката во 2017 година. По неа на листата следуваат компаниите чии акции се најтргувани на Македонската берза. Тоа се: најголемата домашно поседувана банка „Комерцијална банка“ која исплати 6,65 милиони евра бруто дивиденда и најголемата и најуспешна домашна фармацевтска компанија „Алкалоид“ со исплатени 6,26 милиони евра. 
Следува единствената македонска компанија за експлоатација на мермер Мермерниот комбинат од Прилеп со 3,41 милиони евра бруто исплатена дивиденда пред групацијата „Реплек“ со исплатени 1,87 милиони евра и најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати „Макпетрол“ која исплати 1,75 милиони евра дивиденда. Уште три домашни компании исплатија добивки поголеми од 1 милион евра и тие се: ТТК Банка со бруто исплатена дивиденда од 1,53 милиони евра, најголемата домашна хотелиерска компанија „Македонијатурист“ со 1,373 милиони евра и најголемата домашна градежа компанија „Гранит“ со исплатени 1,257 милиони евра.

На листата со исплати помали од еден милион евра се уште 8 компании и тие се: Осигурување Македонија (поранешен КЈУБИ) со 0,8 милиони евра, текстилниот гигант „Тетекс“ со 0,64 милиони евра, Охридска банка со 0,57 милиони евра, кондиторската индустрија „Европа“ со 0,56 милиони евра, транспортната компанија ОИЛКО со 0,384 милиони евра, прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ со 0,213 милиони евра. На листата се уште и една компанија од комплексот на „Рудници и железарница“ – РЖ Техничка контрола со 0,153 милиони евра и „Аутомакедонија“ со 0,09 милиони евра. 


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?