13 Мај, 2024
0.0253

Кој „танкира“ 150.000 евра во акции на „Макпетрол“?

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

За некои инвеститори последниве блок трансакции се сигнал дека „Макпетрол“ можеби ќе дели добра дивиденда и дека заради тоа сега веројатно доброупатените купуваат...

Во осум блок трансакции во два трговски дена беа истргувани 342 акции на најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати „Макпетрол“. Во двата трговски дена (27 јануари и 1 февруари) во вкупно осум блок трансакции беа истргувани 57 отсто повеќе акции одошто беа истргувани во класично тргување во текот на целиот јануари. Цената по која се тргуваа акциите во блок трансакциите се движеше од 25.696 денари до 27.000 денари за акција и тоа е многу блиску до ценовното ниво по кое вообичаено се тргуваше таа акција и во класично тргување во истиот период.
Инвеститорската јавност со внимание ги следи случувањата околу „Макпетрол“ особено сега кога треба да се објави последниот финансиски извештај во кој ќе ги има и податоците за четвртиот квартал и по што ќе може да се прават проекции и предвидувања за дивидендата што ќе следи од работењето за 2016 година. А сосема е извесно дека дивиденда ќе има затоа што менаџментот тоа недвојбено го истакнуваше во образложенијата кон кварталните финансиски извештаи во текот на 2016 година.

Трендот на тргување со акциите од „Макпетрол“ продолжува и јакне, се чека добра дивиденда?!

Акцијата на „Макпетрол“ подолго време се одржува околу ценовното ниво кое беше поставено и во намерата на странската компанија за превземање на „Макпетрол“. Очигледно дека оваа акција е посакувана кај пошироката инвеститорска јавност, а веројатно и заради тоа во ноември ОИЛКО командитното-друштво кое има сопственичко-сопственички односи со „Макпетрол“ објави дека во ноември во неколку наврати преку блок трансакции купил 676 акции во „Макпетрол“. Овие факти ги потврди „Макпетрол“ со објавите на берза во два наврати на 18 ноември и на 2 декември дека ОИЛКО докупувал акции во „Макпетрол“. За многумина во нашата инвеститорска заедница купувањето на ОИЛКО може да е резултат на потенцијалниот повик за непријателско превземање на „Макпетрол“ од странска компанија иако тоа е неизвесно, но не и невозможно. Но и во тоа нашите инвеститори гледаат сигурен знак дека „Макпетрол“ годинава за лани ќе подели солидна дивиденда и тоа заради две причини: прво да ги одоброволи многубројните вработени-мали акционери и второ за да надоемсти дел од парите што ОИЛКО ги вложи во ноември во купување акции на „Макпетрол“. За потсетување, ОИЛКО во ноември вложи половина милион евра во акции на „Макпетрол“. Од трендот на купување акции во ноември некои инвеститори изведуваат заклучок дека и оваа „тура“ блок трансакции може да одат на конто на ОИЛКО или евентуално на сметки на менаџери во компанијата.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо