02 Мај, 2024
1.3396

Кој си купи акции во компанија за марихуана по цена од едно евро за акција!!!????

Објавено во: Македонија 06 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Синцеритас АД Скопје е компанија од светот на производство и трговија со медицински канабис и ќе влезе во нашата корпоративна историја како прва компанија производител на медицински канабис чија акција се тргувала а нашата берза. Цената е едно евро за акција! Дали е багателна ??? Ќе покаже времето

Прва трансакција со акции на компанија за производство и трговија со медицинска марихуана во аналите на корпоративна Македонија! Вчера на нашата берза во една блок трансакција беа истргувани 190.400 акции со право на глас во скопското друштво Синцеритас АД Скопје. Цената за акција изнесуваше 1 евро.

Ова друштво, по претрагата на интернет, се занимава со производство и трговија на канабис за медицински цели (според следниов линк https://zk.mk/sinceritas?choice=V4 )

Според официјалните берзански податоци компанијата има основачки капитал поделен во 2,72 милиони акции. Тоа значи дека вчера тргуваните акции во основната главнина на друштвото учествуваат со 7,13 отсто.

Оваа компанија е на листата на берзанскиот Слободен пазар и за неа има многу помалку информации во споредба со друштвата чии акции се листани на Официјалниот пазар на берзата.

Според расположливи податоци од Централниот регистар, ова акционерско друштво во 2019 година завршило со загуба од 472.000 евра.

Според достапни податци од интернет страницата на ова акционерско друштво извршен директор е лицето Роберт Новески, кој воедно е потпишан и како основач на компанијата.

Македонската компанија има, веројатно, капитална поврзаност со германското друштво Синцеритас ГмбХ.

Последната достапна објава на веб страницата на Синцеритас АД е оглас за вработување е менаџер за проверка на квалитет поставен на страницата на 23 јули годинава.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично