19 Мај, 2024
0.0387

КОЈ СИ ИГРА СО РАБОТНИЦИТЕ: Минималната плата останува најниска на цел Балкан!

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Собранието не даде зелено светло за предлогот на опозицијата за зголемување на минималната плата за сите работници на 11.000 денари. Владејачкото мнозинство го оцени предлогот како популистички и неиздржан, а според опозицијата предлогот ќе влијаше врз подобрување на стандардот на граѓаните. Дел од економистите и работничките синдикати велат дека ваквиот исход е очекуван, а аргументите на владејачкото мнозинство за неприфаќање на предлогот се неиздржани. -Ќе бев изненаден ако се прифатеше предлогот. Оваа власт веќе 10 години покажува дека не се грижи за сиромашните. Таа на сиромашните гледа како на некаков понизок вид од кој се гнаси, а се грижи само за свое лично богатење. Со неприфаќањето на овој предлог освен што уште еднаш демонстрираа дека не се грижат за сиромашните, владејачките партии уште еднаш покажаа и дека не знаат за економијата. Зголемувањето на минималната плата ќе водеше до повисок економски раст, преку зголемената потрошувачка, и преку намалената сиромаштија и нееднаквост. Постојано  слушаме, дека оваа влада ја воведе минималната плата и дека ја зголемува секоја година. Но, тоа е одприлика како некој да му даде трошки на човек што гледува цел живот, и потоа да се фали дека направил некое големо хумано дело. Тоа што претходните влади не се грижеле за сиромашните не значи дека сегашната се грижи. Минималната плата во Македонија е една од најниските во светот (споредено со просечната плата). Во ситуација кога сиромаштијата и нееднаквоста ни се највисоки во Европа, минималната плата едноставно мора да се зголеми посериозно. За вработеноста, јас сум голем скептик дека таа навистина расте толку многу колку што владата постојано истакнува. Според мене, вработеноста расте само на хартија, заради префрлање од неформален во формален сектор, и заради помалиот одзив на анкетата од која се пресметува вработеноста. Странските фабрики се приказна за себе. Ослободени се од сите давачки и добиваат огромни субвенции. За возврат, многу од нив вработените ги третираат безмалку како што биле третирани робовите. Резултатот е - рекордери сме во Европа по смртноста на работниците. Секоја чест на исклучоците, но многу од странските фабрики целосно го заслужуваат називот „кампови на смртта“, вели Бранимир Јовановиќ, економски истражувач и дел од граѓанската организација „Солидарност“. Работничките синдикати се со различни. Дел го одбија, дел поабараа да се направат анализи, а дел од синдкатите го прифатија и го оценија предлогот како правичен. -Ние уште од почетокот на дебатите имам став дека треба да се изедначи основицата за плаќање придонеси и како основица и за минималната плата, бидејќи до денес ние во нашата држава имаме една основица на која што се пресметуваат и мораат да се плаќаат придонесите а друг износ е утврден како минимална плата, така што за сите вработени кои што примаат минимална плата , всушност треба да се врши доплата и да се плаќаат повисоки придонеси, и сметаме дека е неправично и предизвикува обратни ефекти. Во цел свет минимаплните плати подлежат на специјални даночни олеснувања и најмалку се оптоварени со даваччки а кај нас е обратно токму минимналната плата е пооптоварена со давачки.Би било многу поправично кога ќе се земе основицата за плаќање придонеси која што изнесува 50 проценти од просечната бруто плата и кога од неа ќе се одземат сите придонеси и персоналниот данок , тогаш точно 11.000 денари останува дека би требало да прими од таа основица и работникот и тоа би било едно праведно решение, вели Маре Анчева генерален секретар на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство. Македонија со најнизок минималец во регионот Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која членуваат 34 развиени земји, објави  статистика за висината на минималните плати на час, пресметани во американски долари, во неколку држави во светот. Податоците се за 2013 година.Први на листата се Австралија и Луксембург со 9,54 долари и 9,24 долари на час, а на дното се Латвија и Мексико, со нивоа под 2 долари – односно 1,46 долари и 1,01 долари. САД, каде федерално пропишаната минимална плата на час е 7,25 долари (или 6,26 долари по даноци), е рангирана на 11-то место.За Македонија не се објавени податоци во рангирањето. Ако се анализира во регинот, во Албанија минмалецот изнесува 160 евра, во Србија 180 евра а во Хрватска минималната плата е 400 евра. Во Македонија минималецот за текстилните работници изнесува 8.050 денари, а за останатите 9.590 денари. Следната година минмалецот е предвидено да се зголеми на 10.080 денари, кои текстилците ќе почнат да ги земаат дури во 2018 година. Од друга страна синдикалната потрошувачка кошница изнесува околу 32.000 денари, трошоци во кои спаѓаат, давачки за храна, облека, комуналии.И со предложените 11.000 нема многу да се подобри стандрадот, потребни се радикални промени, укажуваат економистите. -Со предлогот за минималец од 11.000 денари би биле опфатени околу 20-25% од вработените, т.е. околу 120-150.000 лица, според податоците на Државниот завод за статистика. Во просек, зголемувањето би изнесувало околу 1.500 денари месечно по вработен, што секако не е многу. Сигурно нема сите економски проблеми што ги имаат овие луѓе да исчезнат заради оваа мерка, ама сепак ќе има некое подобрување. Тоа е околу 80 денари дневно по член на семејство. Тоа е ништо. Според т.н. минимална синдикална кошница, на едно четиричлено семејство му се потребни околу 32.000 денари месечно за задоволување на основните потреби.Потребни се темелни и радикални промени. Потребно е да се смени начинот на практицирање на власта, за да немаме веќе користење на јавните ресурси за лично богатење. Потребно е да се зголемат работничките права, за работниците веќе да не бидат „робје на векот“. Потребно е да се зголени социјалната помош и таа подобро да се таргетира, за да се намали екстремната сиромаштија. Потребна е реформа на целиот јавен сектор, за тој да не биде веќе сервис на владејачките партии, туку сервис на граѓаните. Потребно е да се направи квалитетното образование и здравство да бидат достапни за сите, а не само за најбогатите. Потребна е и темелна даночна реформа, за јавните добра и услуги да бидат финансирани поправично, вели Јовановиќ. Зголемувањето на минималната влијае врз зголемување на поторошувачката моќ на граѓаните и крајно врз развојот на економијата. Според Анчева проблемот кај нас е што најголем дел од работниците во земјава земаат минимална плата. -Секаде е тренд на зголемување на миналецот. После економската криза сите големи економии Америка, Германија го зголемија минималеецот. Зголемените плати влијаат врз порастот на потрошувачката и крајно врз развојот на економијата. Во интерес на Македонија е да се зголеми минималецот. Сиромаштијата расте, но затоа што кај нас најниски се платите во индустријата и најголем дел земаат минмална плата, особено во приватниот сектор. Просекот го креваат платите во јавната администрација, вели Анчева. Според предлог законот за минимална плата што го поднесе опозицијата, минималец од 11. 000 денари ќе земаа околу 50. 000 работници во индустријата, а во образложението беше посочено дека висината ќе се усогласува со трошоците на живот и просечната плата, и ќе се формира фонд од 18,5 милиони евра со кој ќе се субвенционираат работодавачите за да не делат откази. Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа