Кој сакал да ја подели Југославија во 1977 година?
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2019
Таен документ на ЦИА е откриен и покажува дека германските разузнавачки служби БНД размислувале за повторно цртање на границите на Југославија и албанските земји во регионов. Секретарот на ЦИА овој документ го класифицирал како доверлив.
Се смета дека тој во 1977 година е создаден во Минхен. Се планирало да се подели на два блока, еден под германско и друг под американско влијание.
Според оваа поделба, Македонија би била во делот кој ќе биде под американско влијание. Србија е прекроена на картата, а Хрватска, и дел од БиХ би биле под германско влијание заедно со Словенија. Црна Гора, Прешевската долина, Косово, Далмација се планирало да бидат под американско влијание.