18 Мај, 2024
0.0319

Кој плати 5,6 милиони евра за акции во „Гранит“ и зошто нив ги продаде „Сава пензиски фонд“?

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Продавач е најголемиот институционален инвеститор Сава пензиски фонд кој одлучи да ги продаде своите 7,5 отсто од акциите за 5,6 милиони евра. Нема јавна потврда за тоа кои се новите сопственици на овие акции затоа што се најмалку двајца и не го исполнуваат законскиот услов по кој мора јавно да се обелоденат новите сопственици

„Гранит“ продолжува да биде во фокусот на инвеститорската јавност. Друштвото кое управува со задолжителниот пензиски фонд на „Сава пензиски фонд“ потврди дека на аукција на 12 октомври ги продало сите акции во „Гранит“. Станува збор за 236.120 акции односно вкупно 8,3 отсто од сите акции во најголемата домашна градежна компанија. Секоја од овие акции е истргувана по цена од 1.450 денари.

Оваа трансакција доаѓа набрзо откако во претходниот период имаше повеќе купопродажби во кои менаџерите на „Гранит“ предводени од Страшо Милковски купија околу 2 отсто од сите акции.

Потегот што го направи задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ е изненадувачки за инвеститорската заедница. Затоа што се знае дека институционален инвеститор има статегија „да влезе во акционерска структура и да чува“. Нивниот пристап никогаш не е агресивен и не купуваат на краток рок ниту на среден рок. Овој пензиски фонд во акционерската структура на „Гранит“ беше присутен барем пет години. 

Дали можеби не се исполнети проекциите на „Сава пензиско друштво“ за очекуваните приноси од акциите во „Гранит“ или ова за нив било добра зделка во која остваруваат пристојна капитална добивка? Особено можеби затоа што во блиска иднина ќе се оданочуваат капиталните добивки?

„Фактор“ побара одговори на неколку прашања од овој институционален инвеститор и доколку ги добиеме тие ќе бидат објавени во целост.

Воедно „Фактор“ достави прашања и за менаџерите на „Гранит“ од семејството Милковски кои воедно се и најголеми акционери во најголемата македонска градежна компанија. Доколку добиеме одговори тие ќе бидат објавени во целост.

Повеќе детални податоци за последните крупни трансакции со акции на „Гранит“ на следните линкови https://faktor.mk/shto-se-krchka-vo-granit-koj-se-kupi-akcii-za-18-milioni-evra и https://faktor.mk/blek-frajdej-vo-granit-koi-direktori-kupija-akcii-za-650000-evra

Останува да лебди, во сферата на шпекулации, тезата дека катализатор на идни случувања во акционерската структура на „Гранит“ ќе биде најавениот мега-гранде (за македонски прилики н.з.) проект на „Бехтел & Енка“ во кој без тендери овој конзорциум ќе гради три автопатски делници и ќе му треба силен и капацитативен домашен партнер или подизведувач, а нема поспремен за тоа од македонски „Гранит“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа