Кој нема да се пријави за воен рок во Србија ќе лежи 60 дена затвор
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2017
Српското министерство за одбрана ги започна процесите за регрутација на мажите родени во 1999-та и припадниците на оваа генерација треба да се јават за служење на воен рок, во спротивно им се заканува лежење затвор од 60 дена или висока парична казна. Во евиденцијата на министерството ќе влезат и постарите лица кои поради различни причини не служеле воен рок, како и тие кои годинава ќе станат полнолетни граѓани.
Откако е укинато задолжителното служење во војска од министерството за одбрана на Србија објаснуваат дека не значи дека сите кои ќе влезат во евиденцијата дека веднаш ќе бидат распоредени во касарните, но важно е тие да бидат дел од системот на одбрана на земјата и согласно потребите да бидат ангажирани. Служењето на воен рок од 6 месеци е на доброволна база.