18 Мај, 2024
0.0287

КОЈ НЕ САКА ДА ГИ ВРАТИ УКРАДЕНИТЕ БИТКОИНИ: Богатството никогаш нема да биде најдено

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Стотици илјади биткоини украдени од MtGox пред четири години би можеле да бидат вратени, но некој тоа не го сака, вели британскиот претприемач Вилијам Мок.

Токиската платформа за размена на дигитални валути обработувала околу 80 отсто од целокупната трговија со биткоини. MtGox престанал со работа и банкротирал во февруари 2014 година, откако пријавил најголема крипто кражба.

Берзата тогаш соопштила дека изгубила околу 850 000 биткоини кои тогаш вределе околу половина милијарда долари.

MtGox ги обвини хакерите поради изгубените биткоини, укажувајќи тогаш и на недостатокот на софтвер. Подоцна, во март соопштија дека нашле 200 000 исчезнати токени.

Недолго после колапсот на берзата, јавноста била шокирана од смртта на извршниот директор на компанијата. Некои медиуми тврделе дека се работи за самоубиство, додека некои други тоа го нарекоа „сомнителна смрт во финансискиот свет“.

Се тоа влијаело на тоа да се вовлече страв како во целиот тим на берзата, така и во инвеститорите, а секако за да се одрази и на цената на биткоинот која тогаш значајно паднала. Многумина се сомневаа во опоравување.

Банкротот на MtGox ја натера владата на Јапонија да се одлучи како ќе го третира биткоинот, а локалните регулатори почнале да ја легализираат размената на криптовалути. Така Јапонија стана прва земја која ја регулира размената на дигитални валути на национално ниво.

И веројатно, како што кажа на почеток Мок, „милијарди и милијарди долари во украдени биткоини не се изгубени, туку некој едноставно не сака да бидат најдени“.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа