13 Мај, 2024
0.0262

КОЈ НАЈМНОГУ ПРОФИТИРАШЕ, А ЧИИ ПРОФИТИ ПОРАСНАА ЗА ФАНТАСТИЧНИ ПРОЦЕНТИ - ова е сликата за македонскиот бизнис, погледнете ги добитниците

Објавено во: Економија 21 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Берзата традиционално ги објави податоците за профитите на македонските котирани друштва, а во нив, пак, исто така традиционално, неколку компании се издвојуваат по своите високи профити.

Фактор веќе ги има објавено поединечните податоци за нашите бизнис гиганти и за висината на нивните профити, а овде само ќе повториме дека според својата профитабилност за ланската година, на прво место се најде Комерцијална банка, чија нето добивка за 2023 година тежи 58,6 милиони евра. Порастот на позитивниот финансиски резултат кај оваа банка изнесува 65,9 проценти. Втора според добивката е уште една банка, Стопанска банка Скопје, чии профит лани тежел 56,4 милиони евра, а во однос на претходната 2022 година тој се зголемил за 42,1 процент. На трето место се најде НЛБ Банка, исто така со одлиучен профит од 52,3 отсто, или регистрира зголемување за 32,2 проценти. Со добивка од 33,8 милиони евра за ланската година се закити „Македонски Телеком“, каде порастот е за 38,7 отсто. Одличен профит прикажал и фармацевсткиот гигант „Алкалоид“ и тоа 25,64 милиони евра и со зголемување од близу 8 отсто, додека, пак, нето добивка по оданочување од 24,5 милиони евра лани регистрирала скопската Цементарница УСЈЕ, каде зголемувањето е за 46,7 проценти.

Направивме и една друга анализа врз основа на објавените податоци на берзата за резултатите на котираните друштва за лани, а кои пак говорат дека лани годината профитабилно ја завршиле 68 компании, наспроти 73 во минатата година, додека, пак, во минус односно загуба затвориле 21 акционерско друштво, наспроти 17 во претходната година. Една фирма не објавила уште резултати, а 4 друштва се суспендирани, исто како и една година претходно. Или, вкупно се објавени податоци за 94 котирани друштва на Македонската берза за хартии од вредност.

Анализата ја направивме врз основа на тоа која компанија има најголем пораст на добивката лани во однос на 2022 година.

Ако гледаме по процентуалниот пораст на добивката, убедливо највисок е оној на Нова Стоковна куќа од Струмица, каде порастот на добивката е за дури 1.618 проценти, или над десеткратно повисока од претходната 2022 година. Добивката сама по себе не е фасцинантна и таа изнесува 257 илјади евра, но успехот е во огромниот скок во однос на една година претходно.

А, доколку би сакале да го прогласиме вистинскиот победник, внимание предизвикува финансискиот резултат односно профитот на Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола. Кај ова АД нето добивбката лани се зголемила за 1.098 проценти, но она што е уште побитно, е дека таа изнесувала лани фантастични 8,2 милиони евра. Значи, и огромна добивка, и огромен пораст, што секако заслужува внимание од деловниот свет во земјава.

А всушност, како што веќе објави Фактор, најголем дел од добивката се дожи на финансиските приходи на компанијата, кои, пак, доаѓаат од нивната фирма ќерка, Пелагонија Енерџи ДООЕЛ.

„Финансиските приходи и нето добивката во анализираниот период се драстично зголемени во однос на претходниот период како резултат на тоа што остварената нето акомулирана оданочена добивка по завршна сметка  на Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Битола е исплатена во вид на дивиденда на единствениот содружник ЗК Пелагонија ад Битола“, објаснија од компанијата.

Всушност, ЗК „Пелагонија“ од својата фирма за производство на струја од метан успеа да наплати 8 милиони евра дивиденда. Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Битола е еден од двата повластени производители на електрична енергија од биогас односно метан од шталското ѓубре од краварските фарми на ЗК „Пелагонија“.

На трето место според процентот на раст на профитот дошла РЖ Техничка контрола, каде нето добивката се зголемила за 928 проценти, а изнесувала 417 илјади евра.

Четврта, со раст на профитот од 630 проценти е АД Ветекс од Велес, индустриска компанија, што како раст е позитивно, иако добивката сама по себе изнесува околу 107 илјади евра.

Со раст на добивката од 264 отсто се и Хотели Метропол, и таа достигнала 463 илјади евра, а за 221 отсто пораснала и добивката на МЗТ Пумпи, иако изнесувала 85 илјади евра.

За 143 отсто пораснала добивката на Реплек, што е резултат за пофалба, особено и затоа што нивниот профит изнесувал фантастични 4,6 милиони евра.

Потоа, раст на добивката од 112 отсто има и Македонија Турист, чии профит е одличен и изнесува 1,6 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра