19 Мај, 2024
0.0289

Кој Македонец зема 1,1 милиони евра од дивиденда?

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Големата тројка ја сочинуваат Самарџиоски од „Прилепска пиварница“ со 1,12 милиони евра, Доне Таневски од „Македонијатурист“ со 262.466 евра дивиденда и Душан Пецовски најголемиот акционер во „Реплек“ со 200.000 евра дивиденда

Најголемиот акционер во најголемата домашна пиварница „Прилепска пиварница“ од дивиденда ќе добие 1,12 милиони евра и со тоа Кирил Самарџиоски, долгогодишниот успешен директор и актуелен претседател на Управниот одбор е најдобитниот акционер во конкуренција на 12 домашни физички лица.

Самарџиоски, поседува 62,63 отсто од акциите со право на глас во „Прилепска пиварница“ односно 25.000 акции со право на глас. За добивката од лани пиварницата издвои 2.775 денари дивиденда, а Самарџиоски има 69,37 милиони денари дивиденда односно 1,12 милиони евра.

Втор на листата најдобитни акционери е најголемиот поединечен акционер на „Македонијатурист“ и долгогодишен прв човек на најголемата хотелиерска компанија – Доне Таневски. За неговите 19,18 отсто од акциите во „Македонијатурист“ Таневски ќе добие 16,22 милиони денари односно 262.466 евра. Третото место е резервирано за најголемиот акционер во „Реплек“ , Душан Пецовски кој за своите акции ќе инкасира дивиденда од 199.800 евра.

По него на листата најдобитни акционери се другите два големи акционери во „Реплек“:  Славица Туџарова Трајковска и Иван Туџаров. Туџарова – Трајковска ќе инкасира нето над 194.000 евра, а нејзниот брат Иван 191.590 евра.

Следна на листата е втората по големина акционерска во „Македонијатурист“ Соња Бибановска за своите 11,27 отсто од акциите ќе земе 154.230 евра. 

Најголемите акционери во „Гранит“ сестрата Ивана Милковска –Симева и братот Зоран Милковски. За Ивана има 105.200 евра и Зоран 103.070 евра.

Последната тројка ја сочинуваат најголемите поединечни акционери во: „Тетекс“, „Витаминка“ и во ОИЛКО. Глигорие Гоговски ќе добие 94.000 евра од неговите 12,76 отсто во „Тетекс“, Симон Наумоски од „Витаминка“ ќе добие 57.090 евра, а Андреја Јосифовски за неговите акции во транспортната компанија ОИЛКО ќе добие 52.070 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа