18 Мај, 2024
0.0400

Кој махер под фолија прави ќар од 2 милиони евра за девет месеци!

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Конечно добри бизнис вести од производител на храна и тоа на раноградинарски производи. „Оранжерии Хамзали“ има повеќе од солидна година и добивка која надмина 2 милиони евра за девет месеци и е поголема за повеќе од пола милион евра од лани. Резултатот е компилација од кратење на трошоци и раст на продажба

Струмичката компанија „Оранжерии Хамзали“ , на Васе Митев, има исклучително добра и успешна година. За првите девет месеци оваа компанија специјализирана за производство на раноградинарски производи под стакленици направи добивка од 2 милиони евра. Тоа е за 29 отсто подобар резултат во споредба со истиот период лани и е многу пријатна вест во овие тешки и неизвесни услови на стопанисување.

Оваа струмичка компанија за првите девет месеци произвела и продала храна во вредност од 5,8 милиони евра што е за 9 отсто повеќе во однос на претходната година. Од тоа на домашниот пазар завршиле домати, краставици, пиперки и други раноградински продукти во вредност од 4,7 милиони евра или 15 отсто повеќе од истиот период лани.

Од извоз компанијата инкасирала 1,1 милиони евра или 11 отсто помалку од лани.

На страната на трошоците евидентен е пораст за 14 отсто. Тие достигнале 3,5 милиони евра. Навистина вредна за истакнување е ставката трошоцит за вработените која изнесува 1,55 милиони евра. Но не затоа што е најголема од сите ставки туку затоа што компанија во првите девет месеци платила двојно повеќе на своите вработени во споредба со истиот период лани.

Каде „Оранжерии Хамзали“ ја направи разликата?

Евидентно е намалување кај две трошковни ставки. Првата е во оперативните трошоци и станува збор за услугите со карактер на материјални трошоци. Тука компанијата заштедила над 620.000 евра во споредба со истиот период лани односно 96 отсто помалку од платениот износ лани за таа намена. Другата значајна заштеда и кај финансиските расходи. Тука компанијата направила заштеда од 70 отсто и тој трошок го свела на 150.000 евра,а претходната година во истото време за тоа платила половина милион евра.

Најголем акционер во „Оранжерии Хамзали“ е струмичанецот Васе Митев кој поседува 87,7 отсто од акциите на фирмата.

„Оранжерии Хамзали“ е првата компанија чија акција е котирана на Официјалниот берзански пазар, а ги објави финансиските резултати за првите три квартали годинава. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа