09 Мај, 2024
0.0270

Кој колкав раст на БДП предвидува: Дали е доволен за граѓаните

Објавено во: Економија 08 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Македонската економија испорача раст со стапка од 3,6 проценти во 2019 година, а Владата очекува годинава БДП да порасне со стапка од 3,8 проценти колку што предвиде и со буџетот што го скрои за годинава. Сличен раст предвидуваат сите релевантни домашни и странски институции - некои процент-два помалку некои толку повеќе. Но дали е тоа доволно за растот да го почувствуваат граѓаните?

Познавачите се согласуваат деке БДП треба да рсте неколку години по ред со стапки од над 6 проценти за да се огледа тој раст на животниот стандард. Дали евентуалното стабилизирање на политичките турбуленции и ЕУ приближувањето може да го гарантира тоа? Експертите одговараат позитивно, сепак ние премногу долго ги поставуваме тие прашања, а ситуацијата не се менува.

Според проекциите на Владата во 2020 година реалниот раст на БДП се очекува да изнесува 3,8 проценти, а во наредните две години да продолжи со посилен интензитет, односно да достигне 4,1 проценти во 2021 година и 4,3 отсто во 2022 година и да е придвижен од домашната побарувачка.

Вчера од Владата изјавија дека растот на бруто домашниот производ од 3,4 отсто за последниот квартал од претходната година и вкупниот раст за целата година од 3,6 проценти е доказ за успешните економски политики.

Народната банка предвидува раст за домашната економија од 3,8 проценти годинава. Двигатели на растот треба да бидат извозот, инвестициите и личната потрошувачка.

Според Меѓународниот монетарен фонд во 2020 економијата на Македонија ќе порасне за 3,4 проценти, а според ЕБОР, растот на БДП годинава ќе биде 3,2 отсто.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување