Кој ќе работи во ЕУ, ќе прима и ЕУ плата
Објавено во: Финансии 31 Мај, 2018
Според новите правила на ЕП, оние луѓе кои ќе работат во ЕУ ќе примаат и ЕУ плата.
На овој начин работниците ќе имаат заштита и ќе се зачува конкурентноста.
Државите членки освен регионални, можат да применуваат и секторски договори.
Досега тоа беше случај само во градежништвото.
Пат и сместување ќе треба да плати компанијата, а не работникот.
Работниците ќе можат да работат во друга земја 12 месеци, со шанса за продолжување уште 6 месеци.
Но, додека овие правила да стапат на сила, ќе бидат потребни уште две години.