02 Мај, 2024
0.0266

Кој ќе ја промовира македонската економија во светот?

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Државата повеќе нема да троши пари за скапи владини роуд шоуа кои се уште не е утврдено дали воопшто дали некаков бенефит, ниту пак се утврдени вкупно потрошените пари во 11 години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Претходната влада исто така трошеше многу пари и за така наречените економски промотори кои имаа задача да закажуваат состаноци со странски компании, да бидат присустни на средби со бизнис комори и економски организации во државите каде имаат своја мисија. Последниот пат Агенцијата за странски инвестиции ангажираше 33 економски промотори со поединечна плата од 2500 евра или вкупно 1 милион евра за сите ангажирани во текот на една година. За нивниот ангажман досега постоеја бројни критики, како од економската така и од дипломатската фела бидејќи не е јасно каков ефект досега дале во бројот на странски компании кои инвестирале во Македонија, ниту пак за нивната недоволно дефинирана дипломатска функција. 

Наместо економски роад шоуа и економски промотори во новата стратегија на владата предводена од СДСМ е да се назначат економски аташеа кои ќе бидат дел од дипломатските мисии на МНР како што е правило во меѓународните односи. 

Според мерките кои ги најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ќе бидат ангажирани 20 економски аташеа кои ќе бидат дел од дипломатската служба на МНР и ќе може да ја исполнуваат функцијата на претставување на македонската економија во светот со цел да привлечат инвеститори или друг вид на соработници.

Економските аташеи ќе мора добро да го познаваат македонското стопанство и за таа цел ќе поминат двомесечна обука. Конкурсот ќе излезе во наредните денови.

– Тие економски аташеи треба да го научат македонското стопанство и ќе поминат обука од два месеца во Македонија. Треба да го поминат целокупното македонско стопанство за кога ќе одат во светот да знаат што можат да продадат од Македонија. Тие треба да бидат комерцијалисти на македонската економија во светот и да привлечат странски инвестиции во Македонија, но такви кои ќе можат да соработуваат со македонската економија, истакна Анѓушев при вчерашната промоција на дел од мерките во Предлог буџетот за 2018 година.

Економските аташеи по обуката ќе бидат испратени на места низ светот каде има најголем потенцијал за привлекување инвеститори или остварување на соработки како и економски интерес за Република Македонија. Засега нема информации за висината на нивниот надомест, а очекуваме повеќе детали за условите за пријавување на кандидатите како и видот на обуката и другите параметри.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?