07 Мај, 2024
0.0269

КОЈ ЌЕ ГИ ПЛАЌА ВРАБОТЕНИТЕ ШТО ЌЕ СЕДАТ ДОМА ЗАРАДИ КОРОНАВИРУСОТ - прашуваат германските компании

Објавено во: Македонија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава, вели дека коронавирусот има неповолни ефекти врз германската економија. 

Германската комора за индустрија и трговија вчера ги објави резултатите од истражувањето за ефектите од вирусот корона врз германската економија. Резултатите од анкетата укажуваат на тоа дека ефектите од вирусот корона влијаат врз германската економија. Во меѓувреме се откажани саеми, манифестации, настани и патувања, а вработените се праќаат во карантин. Надворешната трговија, особено со Кина, изминатите неколку недели е во застој. Како резултат на вирусот корона скоро секоја втора компанија во Германија очекува намалување на продажбата во 2020 година. Покрај падот на продажбата, компаниите се соочуваат и со застој во оперативните процеси. 

70 проценти од компаниите веќе презедоа заштитни мерки за своите вработени против вирусот корона. 60 проценти од компаниите имаат потреба да бидат информирани во однос на континуитетот на исплатата на плати. 45 проценти од компаниите не се чувствуваат подготвени за справување со заразени, но и со можни сомнителни случаи во компанијата. Од гледна точка на компаниите потребно е да се преземат конкретни мерки поврзани со економската политика со цел задржување на персоналот како и ликвидноста на компаниите.

Патрик Мартенс пишува дека на германските компании Владата ќе мора да им даде прецизни информации кој ќе треба да ги исплаќа платите на вработените кои ќе седат дома поради чување на своите мали деца што не одат на училиште, односно дали тоа ќе биде државата или ќе падне на товар на самите компании.

„Вчерашната конференција за медиуми на министерот за здравство Венко Филипче за актуелната криза со корона вирусот остави неколку отворени прашања кои предизвикаа несигурност кај локалните компании и мора да бидат решени во најкус рок. Не е јасно дали државата или компанијата ќе продолжи да ги исплаќа платите доколку вработениот отсуствува од работното место, доколку компанијата му понуди на членот на семејството флексибилно и поволно за семејството работно време или работа во смени. Отворено е и прашањето во врска со заканата за преземање на казнени мерки поради непочитување на мерките кое треба да се разгледа и од аспект на егзистенција на компаниите.

Во петок наутро ќе се сретнам со Заменичката на Претседателот на владата, задолжена за економски прашања, Мила Царовска и ќе разговараме за клучните прашања на стопанството. По средбата ќе Ве информирам за новите сознанија“, пишува Мартенс.

Можеби ќе ве интересира

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден