14 Мај, 2024
0.0314

КОЈ ЈА УТНА РАБОТАТА: Ќе ја разочара ли Македонија УЕФА?

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Цел свет го чека Супер Купот во Скопје, ќе ја разочара ли Владата УЕФА?

Картите распродадени, хотелите во Скопје резервирани, а одржувањето на Супер Купот на 8. август ќе се реализира на „мускули“. Денот за овој голем настан се ближи, а подготовките за пречек на великаните Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид не се ни приближно до крај.

Пропустите во организацијата ги обелодени владата, која соопшти дека констатирани се сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходната Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената Филип 2, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА.

УЕФА на 15 јуни до ФФМ испратила допис со цел да се обезбедат финансиски гаранции од страна на Владата на Република Македонија дека ,,Телеком Арена” ќе биде целосно подготвена до 21 јули за одржување на Супер Купот.

Во писмото кое било упатено се наведува дека се констатирани недостатоци и дека треба да се отстранат и да бидат санирани за да биде стадионот целосно подготвен на 21 јули кога е предвидена контролна инспекција од страна на УЕФА.

Во писмото, УЕФА прецизно ги нотира забелешките во кои има недостатоци на фудбалската арена и кои треба да се отстранат за да стадионот биде целосно подготвен за најавениот спектакл на 8 август.

„Клима уредите на стадионот не се поврзани со УПС системот, не е јасна комуникацијата меѓу персоналот на стадионот и добавувачот на електрична енергија, нема инсталирано електрична енергија во делот за телевизиите, нема инсталирано вентилација во салата за прес-конференции, нема поставено 50 тв со од 50 инчи во различни делови од стадионот, опремата за wireless не е инсталирана, нема поставена подлога од бетон за камионите за видео пренос-продукциите, нема водовод и одвод на местото предвидено за луѓето ангажирани за видео-пренос продукциите, сè уште не се поправени протекувањата на вода во делот за работа на медиумите, не е комплетиран делот за работа на фотографите, нема инсталирано и вградено телевизори во делот за работа на медиумите, не се во функција тоалетите во делот за младинските категории, не е пристапено за да се изврши промена на скршените/оштетените столчиња во делот за карти, не е дозволиво стадионот да наликува како градилиште, сè уште нема направено бојосување и чистење на внатрешниот дел од стадионот и на надворешниот дел на стадионот. Нема елаборат за комплетен и детален план за евакуација на стадионот кој ќе биде поставен на видно место и нема дефиниран оперативен план за персоналот на стадионот“ пишува во писмото од УЕФА.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли наодите на новата влада дека постојат сериозни недостатоци во стадионот „Телеком Арена“ и дека постои голема можност финалето од Суперкупот на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед воопшто да не се одржи. 

„До последниот извештај на УЕФА, Владата на ВМРО-ДПМНЕ редовно добиваше позитивни извештаи. Сè што беше побарано од стручните лица на УЕФА беше реализирано од наша страна. Единствените обврски што остануваат да се реализираат пред да дојде последната најавена посета од стручните лица на УЕФА се тековни работи околу климатизацијата и средување на просторот, таканаречен ТВ-компаунд, каде што треба да бидат сместени репортажните возила за ТВ-преносот на Суперкупот“, рече Димче Арсовски, потпретседател на Унијата на млади сили на партијата, на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Владата смируваат дека на седница била разгледана целата ситуација околу недостатоците на фудбалската арена и бил задолжен Генералниот Секретаријат на Владата во соработка со другите надлежни министерства да пристапат кон целосно отстранување на недостатоците и подготовка на стадионот за Супер Купот.

Денот се приближува, цените „во облаци“

Најголем дел од сместувачките капацитети во градот се распродадени во период од 7 до 9 август.  На месец и половина пред супер куп натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид цената на хотелското сместување во градот се зголеми неколкукратно. Малкуте слободни соби пак сега се продаваат по цена и до 3000 евра за две ноќевања со појадок за две лица.

Хотелиерите велат нормално е цената да расте во услови на голема побарувачка. Угостителите во Скопје велат дека се подготвени за големиот број гости, но бараат поддршка и од градот. Најпрво, ограничувањето на работното време на угостителски објекти  во тие два дена да не важи.

Ѕвездите на Манчестер ќе бидат сместени во хотелот Плаза, а на Реал во Александар палас. Напреварот меѓу нив се очекува да го следат над 23000 навивачи од цела Европа, карите се пуштени во онлајн продажба.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“