08 Мај, 2024
0.0241

Кој ја ѕида акцијата на „Гранит“? Рекордна годишна цена, во еден ден истргувани акции за половина милион евра!

Објавено во: Економија 23 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Во два дена во три блок трансакции се истргувани повеќе од 24.000 акции што е блиску до еден отсто од сите акции со право на глас во таа компанија. Токму овие три трансакции беа катализатор за раст на пазарната цена на берза на ново рекордно годишно ниво. Беше пробиена психолошката бариера од 1.500 денари за акција

Акцијата на скопски „Гранит“ е во биков пазар! На тргувањето вчера ја достигна рекордната годишна цена која надмина 1.500 денари, а прометот достигна 480.000 евра за еден ден. При тоа се истргувани 0,6 отсто од сите акции во само еден ден.

Според достапни податоци, најава за биков пазар имало уште вчераутро на отварање на тргување кога на страната на понудата се појавиле три блока од по 10.000 акции со право на глас. При тоа уште во првиот час од вчерашното тргување биле купени 10.000 акции во една трансакција по цена од 1.455 денари за акција. Веднаш на тоа реагирале трејдери, кои оваа трансакција ја протолкувале како ценовно-чувствителна информација, па почнале да купуваат акции и на повисоки цени.

Така во еден момент цената достигна ново рекордно годишно ниво од 1.540 денари за акција и тоа сега во услови на голема економска неизвесност на континентално ниво. Во втората половина на денот се тргуват уште две големи трансакции во кои поминуваат повеќе од 7.000 акции по цена од 1.490 денари за една акција.

Интересно за дополнување на контекстот е тоа што и во средата (завчера) во една блок трансакција беа истргувани 7.505 акции со право на глас по цена од 1.400 денари за акција.

Всушност овие претходни два дена катализатор на ценовниот раст на берзанскиот индекс МБИ-10 беше токму акцијата на „Гранит“ и според остварен промет како и според ценовен раст.

Досега нема никаква официјална ценовно чувствителна информација со која би можел да се објасни растот на цената, а пред се мултиплицираниот обем на тргување со таа ликвидна и посакувана домашна акција, која во континуитет е „блу-чип“ и е дел од индексот МБИ-10.

Најголеми акционери во „Гранит“ остануваат да бидат братот и сестрата Зоран Милковски и Ивана Милковска – Симева, деца на Страшо Милковски долгогодишен директор на „Гранит“ и актуелен претседател на Управниот одбор на најголемата македонска градежна компанија. Тие заедно поседуваат нешто над 17 отсто од акциите на „Гранит“. Таму има уште еден крупен акционер – Отворениот задолжителен пензиски фонд на „Сава“ (вложувања на идни пензионери) кој чува 7,5 отсто од акциите на таа компанија. „Гранит“ е доминантно поседувана компанија од домашни физички лица кои поседуваат 72 отсто од акциите. Според последната евиденција на ЦДХВ, 3.885 акционери поседуваат повеќе од 54 отсто од акциите.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката