Кој и на каков начин може да биде казнет: На што треба да се внимава кај „Мој ДДВ“
Објавено во: Економија 27 Јули, 2019
Повеќе од месец дена трае мерката „Мој ДДВ“ преку која граѓаните можат да го искористат правото на поврат на 15% од платениот ДДВ.
Податоците од надлежните институции покажуваат голем интерес кај граѓаните за скенирање сметки.
Она што треба да го знаете е дека овој Закон освен правото на поврат на ДДВ кое го овозможува, наметнува и одредени ограничувања за физичките лица, како и одредени обврски за правните лица, за чие непочитување, односно постапување спротивно на истите се предвидени и прекршочни санкции.
Што значи тоа?
Казните важат за правните лица за непријавувањето до Управата за јавни приходи на фискалната сметка која ја сторнира и сторната сметка и на физичко лице кое пријавило фискална сметка издадена за плаќање комунална услуга или фискална сметка која била издадена за извршен промет кон правно лице.
Целата анализа за тоа што забранува и на што обврзува „Мој ДДВ“? читајте ја тука.