Кој е херојот кој го спаси детето во Црна Гора?
Објавено во: Балкан 20 Март, 2023 18:14
Во Црна Гора денеска баба се фрли во реката Морача со своето внуче, при што работници и еден пратеник кој бил во близина го спасија детето.
Аднан Дибрани, шведски пратеник е херојот кој го спаси детето откако работници го извадија од реката. Тој беше дел од набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа што го следеше денот на изборите во Црна Гора. Храбрите работници на Зеленила, Алдин Ибрахимовиќ, Алмир Мујак и Демај Шпејтим го извлекоа детето од Морача, а пратеникот го вратил во живот, детето кое било онесвестено. Аднан ја исцеди водата од белите дробови на бебето. Во интервју за Побједа вели дека не верувал дека ќе успее.
„Го минував мостот и погледнав кон водата кога видов дека во реката пливаат жена и дете. Некои други момци дојдоа, слегоа до реката и го извлекоа бебето од водата, додека други повикаа брза помош. Истрчав кон нив и видов дека го држат бебето кое не дава знаци на живот. Бидејќи имам мало дете дома, знаев што да правам во вакви ситуации“, изјави Аднан за Побједа.
Се плашел дека е доцна, но не се откажал.
„Го стиснав бебето преку стомакот и грбот, ја исцедив водата од неговите бели дробови. Кога го слушнав неговиот плач, бидејќи подоцна дознав дека е машко, се упатив кон итната медицинска помош и им го предадов бебето“, изјави Аднан.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




