KOJ E EФЕКТОТ: Две години ќе земаат плата без да одат на работа?
Објавено во: Финансии 03 Април, 2018
2.000 невработени граѓани на Финска почнаа од 2017 година да примаат месечно по 560 евра и тие примања ќе им траат до крајот на оваа година.
Примателите на тој износ се избрани без критериуми, а приходот е ослободен од данок и тие што го примаат парите можат да ги потрошат како што сакаат.
Износот од 560 евра е избран затоа што е на ниво на сума за надомест за невработени што се исплаќа во Финска. Тие пари не претстануваат да се испраќаат ниту во случај кога корисникот ќе се вработи.
Износот не е доволен за сите месечни трошоци, но на луѓето има дава повеќе слобода во нивниот живот.
Властите со експеримент сакаат да дознаат дали универзалната плата е флексибилен начин за давање помош и поттикнување на вработување од постоечките социјални програми освен тоа тие се надеваат дека универзалната плата е добар начин за растеретување на постоечката бирократија во составот на социјалната заштита.
Податоците за корисниците на универзалната плата не се јавно достапни и службените резултати нема да се објавуваат се до завршувањето на проектот.
Но, новинари од Би-Би-Си и од американскиот ТВ канал Си-Ен-Би -Си успеале да идентификуваат неколкумина корисници и ги прашале за нивните искуства.
Станува збор за луѓе кои лани биле невработени од различни причини.
Во финската Aгенција за социјално осигурување, напоменуваат дека една од целите на тој експеримент е и испитување дали може поединци да се активираат на пазарот на трудот и со поинакви механизми од досегашните.
Финската министерка за социјални работи Пирко Матила во изјава за Би-Би-Си вели дека постојат податоци што се во прилог на тоа дека дури и ако не е многу успешна приказната таа има некои позитивни аспекти односно дека финските власти за сега се оптимистички со досегашниот тек на експериментот.
Нејзините зборови ги потврдуваат и искуството на споменатите поединци кои велат дека износот од 560 евра месечно дал дополнителна слобода во нивните животи.
Една корисничка која во почетокот на 2017 година немала големо работно искуство и во меѓувреме прифатила работа за која смета дека ќе ја однесе во посакуваната насока од кариера. Друга корисничка која повремено работи месечното примање и овозможило дополнително слобода за да се посвети повеќе на семејството. Трет корисник е исто така задоволен од експериментот додека четвртиот и понатаму е невработен но оптимист дека до летото и тој ќе најде работа.