04 Мај, 2024
0.2569

Кој е директорот што за награда од 52.500 евра на фирмата и донесе милион евра профит?

Објавено во: Економија 27 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Под водство на актуелниот извршен директор Бобан Гоговски „Тетекс“ оствари профит поголем од 1,1 милиони евра. За тоа компанијата ќе го награди со 52.500 евра. Менаџерскиот тим што го води Гоговски на секој акционер му носи нето дивиденда од 100 денари за акција

Тетовската компанија „Тетекс“ ќе го награди својот генерален и извршен директор со 52.500 евра од добивката за 2022 година, пишува во предлог одлуката за распределба на дивидендата достапна на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Под водство на Бобан Гоговски, новиот генерален директор кој воедно е и извршен член на Одборот на директори, „Тетекс„ лани оствари добивка од 1,1 милиони евра. За остварениот резултат лани „Тетекс“ ќе одвои 4,7 отсто од профитот како награда за новиот директор кој го наследи својот татко на позицијата во некогашниот текстилен гигант „Тетекс“.

Корпоративната култура што ја промовира менаџментот на „Тетекс“ е за респект. Од целата добивка дури 67 отсто односно 740.800 евра ќе бидат наменети за распределба на дивиденда на неговите акционери. Станува збор за повеќе од 1.000 домашни физички лица. Тројца меѓу нив ќе поделат околу 20 отсто од дивидендата,а тоа се законските наследници на Глигорие Гоговски односно членовите на неговото семејство. Нето износот на дивиденда по акција за домашно физичко лице е 100 денари.

Нешто повеќе од 250.000 евра ќе останат како нераспределена добивка, а околу 55.000 евра ќе одат во законски резерви на друштвото.

„Тетекс“ е компанија која во континуитет дели дивиденда на своите акционери. Лани поделија износ што е речиси идентичен на тоа што ќе го добијат годинава. Најдобра дивиденда компанијата подели во 2020 година во време на корона кризата. Тогаш дивидендата по акција изнесуваше 220 денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?