18 Мај, 2024
0.0261

Кој е човекот кој беше милијардер, а сега е најголем губитник во историјата?

Објавено во: Стил 29 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Бразилецот Аике Батиста брзо станува тажен пример за новата ера на брзо богатење . Статусот на бразилскиот нафтен магнат, кој се покажа дека не располага со многу нафта , падна од 34 милијарди долари до под 1 милијарда долари за година и половина. Цените на акциите на неговите компании се се срушија, а негова главна компанија - OGX , која се занимава со екстракција на природен гас и нафта , наскоро може да поднесе барање за стечај. Во 2011 година Батиста изјави дека наскоро ќе стане најбогатиот човек во светот . Наместо тоа, тој е на пат да забележи еден поинаков рекорд - најголем пад на личното богатство во светот, пишува CNBC . Се разбира, постојат различни начини за одредување на слични загуби. Тие можат да се пресметуваат во долари или во процентни загуби. Во долари има и други лица кои на хартија загубиле повеќе пари од Батиста . Така, во 1999 година , кога цената на акциите на Microsoft паѓа , состојбата на Бил Гејтс се намалува за речиси 40 милијарди долари . Меѓутоа тој продолжува да има околу 60 милијарди долари. Коцкарскиот бос Шелдон Аделсон исто така се доближува до загуба слична како оваа на Батиста. Кај него вредноста на инвестициите се намалува за околу 30 милијарди долари во 2008 година или за 93% од богатството. Тогаш дури се бара Аделсон да даде на компанијата Las Vegas Sands, 1 милијарда долари позајмени од своите лични средства , за да не банкротира. Меѓутоа, кога цената на акциите се обновува , истото се случува и со состојбата на Аделсон. Индискиот челичен магнат Лакшми Митал исто така има еден од најголемите губитоци во светот. Тој успева да изгуби околу 32 милијарди долари на хартија за време на финансиската криза . Неговата состојба сепак исто така се врати доста брзо откако светските пазари тргнаа нагоре. Ирскиот градежен претприемач Шон Квин пак успева да стигне од 6 милијарди долари до банкрот само за неколку години. Батиста сега најверојатно има уште неколку стотици милиони долари . Во последно време сепак нема други случаи со милијардери , кои имале 34 милијарди долари , а за малку повеќе од една година нивната состојба да падне под 1 милијарда долари. Батиста сега ги продава авионите,  јахтите, становите. Батиста можби е најголемиот губитник денес , но нема да биде последен, анализира CNBC.