27 Април, 2024
0.0273

Кој беше Коби Брајант - омилениот „лејкерс“ со човечки мани

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Коби Брајант, еден од најголемите кошаркари на сите времиња, починал во хеликоптерска несреќа. Тој имаше 41 година, пишува Гардијан.

TMZ првично ја пренесе веста, јавувајќи дека Брајант бил во хеликоптерот заедно со четворицата други кога се урнал во 10 часот по локално време во близина на Калабасас во Калифорнија. 

Според „Лос Анџелес Тајмс“, леталото се урнало поради маглата, по што се запалило, што им отежнувало на спасувачите да се приближат до местото. Нема пријавени преживеани.

Брајант ја одигра речиси целата своја, 20-годишна кариера со Лос Анџелес Лејкерс во НБА. На клубот му донесе пет шампионски прстени, а за Ол-стар натпреварите беше избран 18 пати. Се пензионираше во 2016 година.

Во 2018 година тој освои Оскар за најдобар анимиран краток филм за филмот наречен Драга кошарка, врз основа на песна што ја напиша за неговото пензионирање од играта.

Неговата репутација беше оцрнета откако беше уапсен во 2003 година поради обвиненија дека наводно силувал тинејџерка во хотел во Колорадо. Брајант ги негираше обвинувањата, велејќи дека средбата била со согласност на девојката. Случајот беше отфрлен откако наводната жртва одби да сведочи на судењето. 

Подоцна Брајант и се извини на својата сопруга, „Сега признавам дека таа не го сфаќа овој настан на ист начин како што јас го разбирам“.

Само еден ден пред несреќата, една друга НБА Легенда, Леброн Џејмс, му оддаде признание на Брајант, откако тој го престигна на третата позиција на листата на најдобри стрелци во историјата.

„Тој е некој што мене ми беше инспирација. Едноставно беше ваууу. Да гледаш 17-годишно дете како влегува во НБА обидувајќи се да има влијание во клубот, и тоа и мене ме мотивираше“, рече Џејмс.

Брајант остави сопруга и четири деца.

Повеќе детали што треба да ги следите…

Како што започнува 2020 година…

Фото: Гардијан

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни