02 Мај, 2024
0.0302

Кои светски милионери нема да им го остават богатството на своите деца?

Објавено во: Стил 21 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Во светот постојат многу милионери кои имаат алтруистичка природа и често донираат дел од заработените пари во хуманитарни цели. Но, има и такви кои планираат да го подарат речиси целото свое богатство, а на потомците нема да им ги остават своите милиони. Листа на богаташи кои нема да им го остават богатството на своите деца, за да ги научат дека во животот мора сами да се снајдат и да го стекнат своето богатство со труд и работа направи „Business Insider“ . Еве дел од листата:

Бил Гејтс

 

Основачот на Microsoft е еден од најбогатите луѓе на денешницата и филантроп, кој има изјавено дека не планира да го задржи богатствотот за својата фамилија. Пред дваесетина години ја формираше фондацијата Gates Foundation која моментално располага со 37 милијарди долари.е еден од најбогатите луѓе на денешницата и филантроп, кој има изјавено дека не планира да го задржи богатствотот за својата фамилија. Пред дваесетина години ја формираше фондацијата Gates Foundation која моментално располага со 37 милијарди долари.

Основачот на EBay, Пјер Омидијар 

 

Омидијар стана милионер на 31 година и оттогаш постојано донира пари во хуманитарни цели и планира до крајот на животот да го подари поголемиот дел од богатвото на фондации, наместо да го остави на своите три деца.

Џорџ Лукас

 

Режисерот, продуцент и татко на четири деца, Џорџ Лукас вети дека по својата смрт ќе го подари поголемиот дел од своето богатство во образовни цели. Исто така одлучи оние четири милијарди долари што ги доби од Disney за продавање на Lucas Film (меѓу кои и правата за серијалот Star Wars) да ги донира во добротворни цели.

Варен Буфет

 

Бизнис магнатот Варен Буфет се заколнал дека 99% од своето богатство ќе го донира до крајот на животот или по смртта, а на децата ќе им остави „доволно за живот, а недоволно за да не работат ништо.“

Џеки Чен

 

Актерот Џеки Чен во 2011-та изјави дека по неговата смрт, половина од богатството ќе биде донирано во хуманитарни цели, а на неговиот син Џејси нема да му остави многу бидејќи ако е способен, тој ќе си заработи сам.

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг

 

Мајкл Блумберг прима симболична плата од еден долар месечно за својата работа, но егзистенцијата му е осигурана бидејќи има богатство проценето на 19,5 милијарди долари. Досега има донирано во повеќе непрофитабилни организации и планира да го раздели своето богатство до крајот на животот.

Џин Симонс 

 

Рок легендата од групата Кис го стекна своето богатство од нула и сака неговите деца да станат од кревет и да си заработат свои пари. Според ова, сигурно неговите 300 милијарди нема да завршат на сметка на потомците.