03 Мај, 2024
0.0263

Кои се омилени акции во кои вложуваат приватните пензиски фондови?

Објавено во: Финансии 20 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Приватните пензиски фондови во десетина акции на македонски компании котирани на берзата досега вложиле 23,86 милиони евра. Најмногу пари се вложени во акции на „Алкалоид“ односно околу 9 милиони евра, а најмногу акции (како дел од главница) се купени во „Македонијатурист“ односно 12,6 отсто

„Гранит“, „Алкалоид“ и „Македонијатурист“ се омилените домашни акции во кои досега вложуваа портфолио менаџерите на друштвата кои управуваат со парите на идните пензионери, покажуваат извештаите на „КБ Прво пензиско друштво“ и на „НЛБ Нов пензиски фонд“ за периодот јануари – септември годинава.

Најмногу пари вложени во „Алкалоид“, најмногу акции купени во „Макеоднијатурист“

Официјалните податоци покажуваат дека двете друштва во своите четири фондови купувале акции во „Алкалоид“, „Гранит“, „Македонијатурист“ и во „Охридска банка“. Портофолио менаџерите на четирите фондови освен во овие акции вложиле и во: „Фершпед“, „Телеком“, „Прилепска пиварница“, „Реплек“, „Комерцијална банка“, „Тиквеш“, „ЗК Пелагонија“, „Тетекс“ и во „Витаминка“.

Најмногу пари приватните фондови на идните пензионери вложиле во најголемата и најпозната македонска фармацевтска индустрија „Алкалоид“. Вкупно се вложени 555,5 милиони денари и со нив се купени над 7 отсто од акциите со право на глас. Најголем дел од тие акции поседуваат задолжителниот фонд на „КБ Прво пензиско друштво“ и тоа 3,92 отсто, а задолжителниот фонд на „НЛБ Нов пензиски фонд“ има 3,15 отсто од акциите. Влог во акции на фармацевтите има и доброволниот фонд на „КБ Прво пензиско друштво“ и тоа 11,5 милиони денари за 0,15 отсто од акциите.

Најмногу акции фондовите поседуваат во „Македонијатурист“ и во „ Гранит“. Во најголемата угостителско-хотелиерска компанија фондовите имаат вкупно 12,59 отсто од акциите со право на глас, а од тоа задолжителниот фонд на „НЛБ“ држи 8,68 отсто од акциите, а на КБ поседува 3,06 отсто. Вкупните вложувања на сите четири фонда се 212,2 милиони денари. Во „Гранит“ исто така сите четири фондови имаат акции. Вкупната куповна вредност на тие акции е  192 милиони денари. Фондовите поседуваат 10,77 од управувачките права во  најголемата домашна градежна компанија, а меѓу нив најмногу акции има купено задолжителниот фонд на „НЛБ“ кој поседува 6,93 отсто од акциите.

Значајни влогови во Прилепска пиварница и во Охридска банка

Над 1,1 милиони евра двата фонда на „НЛБ“ имаат вложено во акции со право на глас на „Прилепска пиварница“ и таму поседуваат вкупно 5,55 отсто од акциите со право на глас, а од тоа задолжителниот фонд поседува 4,88 отсто, а доброволниот има 0,67 отсто од акциите. Фаворит на портфолио менаџерите на „КБ Прво“ била „Охридска банка“ во чии акции двата фонда вложиле 4,83 отсто за над 81 милиони денари. Од тоа најголем дел се акции на задолжителниот фонд односно 4,78 отсто од сите акции на банката. Значајно за истакнува е и вложувањето на задолжителниот фонд на НЛБ во „Телеком“ каде идните пензионери имаат 456.044 акции со право на глас кои се купени за речиси 2 милиони евра и изнесуваат 0,48 отсто од главницата.

(вложувања во домашни акции во милиони евра)

НЛБ Задолж.фонд

14,6 милиони евра

НЛБ Пензија +

1  милион евра

КБ Прво задолж.фонд

7,9  милиони евра

КБ Прво добров. фонд

0,38 милиони евра

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата