18 Мај, 2024
0.0257

Кои се најголемите ризици за светската економија годинава?

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Фискалната криза и натаму останува најсериозен предизвик, оценува Светскиот економски форум (World economic forum- WEF) во најновиот извештај за ризиците кои и се закануваат на светската економија оваа година. Форумот кој секоја година на крајот од јануари го организира глобално познатиот економски собир во Давос, го објави извештајот непосредно пред почетокот на овогодинешната сесија од 22-25 јануари, на која ќе земат учество повеќе светски лидери и познати бизнисмени и инвеститори. Еве што според Светскиот економски форум ќе и се заканува на економијата годинава: Фискалната криза - големите економии и понатаму остануваат загрозени додека многу од помалите пазари во последните години забележуваат раст, што може да додаде „масло на огнот“ на финансиската криза, а фискалната криза во некои од големите економии многу лесно може да има глобално влијание. Невработеност - да се пронајде работа е еднакво тешко како во големите економии, така и во помалите, а невработеноста најмногу ги погодува младите. Имено, во некои земји невработеноста помеѓу младите ја надминува стапката од 50 %, а голем проблем претставува и „подвработеноста“, односно вработувањето на младите на позиции за кои се премногу квалификувани. Недостаток на вода - како последица на лошото управување со и онака скромните залихи. Нееднакви примања - високата куповна моќ на средната класа во поголемите економии во комбинација со малите приходи во помалите економии претставува уште еден голем ризик кој и се заканува светската економија во 2014 година. Климатските промени - неуспехот во прилагодувањето кон овие промени најмногу им штети на најслабо развиените земји. Екстремни временски услови - како суши или големи поплави, кои се последица на климатските промени. Ваквите настани во 2014 година можат да доведат до големи безбедносни ризици како недостаток на храна, како и политички и општествени нестабилности. Пад на системот на глобално управување - слабите или неадекватни глобални институции и мрежи во комбинација со ризичните и политички национални интереси може да претставуваат пречка во соработката при соочување со глобалните ризици. Недостаток на храна - ризик кој е тесно поврзан со климатските промени и екстремните временски услови, бидејќи поради нив некои квалитетни и адекватни намирмици може да исчезнат. Колапс на големите финансиски институции -многумина аналитичари  и натаму стравуваат за стабилноста на банките. Постои можност сценариото да се повтори во случај ако некоја друга финансиска институција се соочи со истото оваа година. Превирања на општествен и политички план - во некои од земјите од светот може да предизвикаат загуба на довербата помеѓу граѓаните и државите, што на крај може да доведе до внатрешно насилство, глобална нестабилност, колапс на државите или пак воен удар, предупредуваат аналитичарите на Светскиот економски форум.

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?