Кои се двете дами идни вицегувернерки на НБРМ?
Објавено во: Економија 04 Септември, 2018
Две дами на врвните позиции ќе и се придружат во тимот на гувернеката Анита Ангеловска-Бежоска.
М-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска се имињата на двете идни вицегувернерки на Народна банка на Македонија а доаѓаат по предлог на Ангеловска-Бежоска откако им истекоа мандатите и беше објавен јавен оглас за избор на двајца кандидати
за вицегувернери.
Богато искуство во кариерите имаат и Нацевска и Митреска.
М-р Емилија Нацевска доаѓа од местото советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции , а веќе ја извршувала вицегувернерската позиција во НБРМ.
Таа го следела процесот за интеграција на Република
Македонија во Европската унија и ги координирала активностите во НБРМ за
подготовка на потребните инпути во националните документи поврзани со овој
процес.
Ана Митреска пак доаѓа од директорското место во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ.
Од јануари 2011 година досега, директор во
Дирекцијата за монетарна политика и истражување во Народната банка на Република
Македонија.
Детално биографиите на двете вицегувернерки може да ги погледнете тука.