01 Мај, 2024
0.0266

Кои се дрматори на велешката економија?

Објавено во: Економија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Три странски гринфилд инвестиции претежно извозно ориентирани и седум домашно поседувани компании кои произведуваат месо, храна, машини и уреди и се занимаваат со трговија се столбот на велешката економија која имаше страшно премрежие во транзицијата во која имаше многу хорор приказни, но од која се изнедрија неколку успешни компании. Лани најголемите десет велешки фирми имаа приходи што надминаа 200 милиони евра

Велес, родното место на Кочо Рацин и Коле Неделковски, родното место на Васил Главинов, градот на „Гемиџиите“, градот на мостовите поставен долж реката Вардар во срцето на Македонија, најголемиот јазол на македонската железница. Град синоним на македонскиот непокор, преродбата и социјализмот. Градот на црната металургија која стана негова црна судбина затоа што можеби најжестоко страдаше во македонската политичко – економска транзиција во деведесетите години на минатиот век. Од транзицијата излезе поразен, но посилен. Едни заминаа и оставија простор на други, а малку од нив успеаја да го фатат приклучокот и да се преструктруктуираат по пазарното „вјерују“. Темелно и полека, но сигурно велешките компании растеа и се развиваа. Денеска најголемите од нив, домашно поседувани, во градот внесуваат и распределуваат приход што надминува 120 милиони евра годишно, а заедно со двете гринфилд странски инвестиции лани Велес има над 200 милиони евра приходи само од најголемите 11 компании.

Убедливо најголем според остварените приходи е странската гринфилд инвестиција „Маркарт“ која е супортер во глобалната автомобилска индустрија. Воедно оваа компанија е и најголем вработувач во Велес. Лани остварила приходи од 74 милиони евра од кои профит се 6 милиони евра. Воедно тоа е фирмата со најголем профит во апсолутен износ во споредба со другите компании.

Најголема домашно поседувана фирма, според остварените приходи, е ланецот маркети за малопродажба на стоки (пред се прехранбени) „Жито Маркети“ кој лани имал приход од 50 милиони евра и нето добивка од 1,9 милиони евра.

Трет на листата најголеми во Велес е некогашниот гигант од машинската индустрија „Брако“ кој доживеа реинкарнација под диригентската палка на познатиот домашен бизнисмен и актуелен вицепремиер Кочо Анѓушев. Оваа компанија лани остварила приход од 27 милиони евра и остварила профит од 1,1 милиони евра.

Велешкиот производител на свинско месо „Агриа“, најголем од тој тип во земјава лани оствари вкупен приход од 13,7 милиони евра. Добивката на оваа компанија, која има подружници и во Штип, сопственост на велешанецот Перо Колевски лани изнесува 279.000 евра.

Во големата велешка петорка според остварениот промет е уште најголемата домашна компанија за производство на бојлери „Леов“ сопственост на велешанецот Трајче Леов. Лани оваа компанија остварила приходи од 9,7 милиони евра, а годината ја завршила со загуба од 2,4 милиони евра.

Сличен приход остварила и странската компанија за производство на пластични маси „Ронтис“. Нејзиниот промет е 9,75 милиони евра, а добивката изнесува 756.000 евра.

Познатата велешка маслодајна односно „Благој Ѓорев“ е единствената компанија од поранешните социјалистички гиганти која успеа да ја истурка транзицијата без да стави клуч на врата и непрекинато работеше. Лани оваа компанија оствари приход од 8 милиони евра и заврши со добивка од 139.000 евра.

Меѓу најголемите велешки фирми е и транспортната компанија „Марија Треид“ која лани остварила приход од 8,1 милиони евра и годината ја завршила со добивка од 2.400 евра.

На листата најголеми е и „Хемомак пестициди“ компанија која по франшиза произведува заштитни средства за агроиндустрија и во голема мерка е извозно ориентирана компанија. Лани нејзините приходи изнесуваат 7,1 милиони евра, а добивката изнесува 586.000 евра.

Домашната прехранбена компанија „Мирана“ е исто така во групата најголеми. Нејзиниот приход лани изнесувал 2,9 милиони евра, а остварена е добивка од 75.000 евра.

Најуспешна велешка компанија лани е „Феро Инвест“ по параметар учество на профит во вкупниот приход. Фирмата во која содружници се вицепремиерот Анѓушев, неговиот брат и уште едно домашно физичко лице лани оствари приход од 3,1 милиони евра и нето добивка од 1,3 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?