18 Мај, 2024
0.8276

Кои се добри, а кои лоши вести во „Фершпед“?

Објавено во: Економија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во првиот квартал најзначајна позитивна вест за акционерите е тоа што трошокот за камати е намален за 40 отсто во споредба со истиот период лани и компанијата за камати платила 45.000 евра помалку. Сепак заради рапидниот скок на оперативните трошоци, добивката за прв квартал е помала за 34.500 евра од истиот период лани.

Приходот од продажба на „Фершпед“ во првиот квартал годинава пораснал за 2 милиони евра во споредба со резултатот остварен во истиот период лани, покажуваат официјалните податоци од неконсолидираниот биланс на успех на најголемата шпедитерска компанија во земјава. Тоа е една од двете добри вести во билансот на компанијата, која за жал нема позитивно влијание врз нето ефектот (добивката) на компанијата која е пониска во споредба со добивката остварена лани.

Приходите и расходите рака под рака одат!

Приходот од продажба во првиот квартал годинава е 699,5 милиони денари и е за 21 отсто односно 121,2 милиони денари повисок од реализацијата лани. Компанијата бележи зголемување на пазарните позиции во однос на лани дома и на странски пазари. На домашниот пазар приходот е поголем од 10,5 милиони евра односно 640,6 милиони денари и во однос на лани е зголемен за 15 отсто. На странските пазари компанијата остварила раст од 167 отсто односно приходот изнесува 58,6 милиони денари и во однос на 2016 година е поголем за 36,7 милиони денари. Вкупните оперативни приходи на компанијата изнесуваат 704,65 милиони денари. Паралелно и речиси во иста мерка растат и оперативните расходи на компанијата. Тие годинава за првите три месеци изнесуваат 699,1 милиони денари и во однос на лани се зголемени за 112 милиони денари односно за 19 отсто. Трошокот за набавна вредност на трговски стоки пораснал за 50 отсто до износ од 146,5 милиони денари, а трошокот за услуги со карактер на материјални трошоци пораснал за повеќе од 1 милион евра до износ од 464,1 милиони денари. Оперативната добивка на компанијата изнесува 5,57 милиони денари и во однос на лани е намалена за 4,1 милиони денари односно за 42 отсто.

Најважна добра вест: речиси преполовен трошокот за камати

Компанијата има добра стратегија за кастрење на трошоците од камати. За таа стравка од финансиските расходи „Фершпед“ платил 40 милиони денари (околу 65.000 евра). За таа намена во истиот период лани компанијата платила 110.000 евра). Ова е резултат за почит без разлика дали станува збор за репрограм на обврски со нови значајно пониски камати или пак станува збор за значајна отплата и намалување на основицата на која се плаќаат каматите.
Сепак заради значајното зголемување на оперативните трошоци компанијата во првиот квартал бележи добивка од 1,25 милиони денари односно 20.000 евра. Во споредба со лани добивката бележи пад од 63 отсто односно 2,1 милиони денари помалку. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа