17 Мај, 2024
0.0353

Кои се аргументите за раст на акцизата на екстралесното гориво

Објавено во: Економија 13 Април, 2020

Добивај вести на Viber


Опција да се зголеми приходот во буџетот, но уште повеќе да се среди хаосот со употребата на екстралесното гориво како погонско гориво што има негативен еколошки аспект и реално негативен одраз за раст на сивата економија. Додека во Министерството за финансии се уште се во тек анализите за тоа дали ќе се изедначи акцизата на екстралесното гориво со таа на дизелот односно оваа давачка да се зголеми повеќе, познавачи сметаат дека на ваков начин на долг рок ќе се решат повеќе наталожени проблеми. Познато е дека екстралесното масло е гориво кое треба да го користат домаќинставата, а се повеќе се користи како погонско гориво затоа што е поевтино, со што секако се придонесува и кон поголемо загадување. Имено Стопанската комора и со таков аргумент го даде предлогот за зголемување на акцизата на екстралесното масло за домаќинство за девет денари во ова време - од една страна ќе ги зголеми буџетските приходи во време на криза но од друга страна ќе реши други големи проблеми побврзани со малверзациите со ова гориво. На тоа се согласува и Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот Марко Бислимовски за Фактор минатата недела изјави дека се согласува со евентулното зголемување на акцизата со што како што рече ќе се намалат овие ефекти.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, вчера на прес конференцијата не прецизираше за колку ќе се зголеми акцизата за нафтените деривати, ниту пак дали ќе биде спроведено изедначувањето, но кажа дека се прават анализи во таа насока.

„Дали решението кое што ќе биде предложено до Владата ќе биде изедначување или ќе биде покачување на цената на нафтата дополнително ќе излеземе и ќе информираме. Треба да бидеме внимателни да правиме детални анализи и да базираме одлуки на анализи. Во моментот разгледуваме точно колкаво е користењето на екстралесната нафта, разгледуваме што би значело за сите нафтени деривати бидејќи во оваа несреќна околност со кризата во која се наоѓаме и справуваме може да се каже дека среќна околност е драстичниот пад на цената на нафтата. Зборуваме за пад на малопродажните цени од 20 денари, зборуваме во исто време за важноста на акцизата и приходите по основ на акцизата во буџетот кои што се намалени поради намалената потрошувачка, рече Ангеловска.

 Впрочем со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво, која сега е за девет денари помала од таа на дизелот се намалува и просторот за малверзации што е главен мотив за изигрување на Законот за акцизи и користење на екстра лесното гориво како погонско гориво. од Регулаторната комисија за енергетика велат дека годишните потреби за домаќинствата потребни се 5 милиони литри екстралесно масло за домаќинства, но статистиката покажува дека се трошат дури 50 милиони литри.

Од Стопанската комора на Македонија од каде први побараа изедначување на акцизите на екстарлесното масло за домаќинстав и на дизелот велат дека користењето и употребата на маслото за горење екстра лесно ЕЛ-1 како гориво за греење во практиката е многу тешко да се контролира и во пракса често се изигрува Законот за акцизи. Дополнително, како што потенцираа, екстра лесното гориво ЕЛ-1 во едно литро содржи 100 пати повеќе сулфур во однос на едно литро дизел гориво. 

„Со цел да се стопира оваа појава и со цел да се регулира трговијата, се постави предлогот да се укинат одредбите од Законот за акцизи кои се однесуваат на продажба и трговија со масло за горење екстра лесно ЕЛ-1, или истите да се пренаменат кон регулирање на продажбата и користење на еуродизел горивото и како погонско гориво, но и како гориво за греење, односно како гориво со акцизно повластено користење за што ќе се плаќа повластена акциза со поседување на акцизно одобрение за користење на акцизни повластени добра (еуродизел) издадено од надлежните органи. Во таков случај,доколку потрошувачите докажат со соодветен документ (на пример, фактура за инсталиран капацитет) дека горивото го искористиле или го користат како гориво за греење, за истото да биде пресметана повластена акциза за користење на акцизно повластени добра, односно да можат да извршат поврат на платената акциза во износ до пропишаната стапка на специфична акциза која се однесува за користење на акцизни повластени добра, сметаат од Стопанската комора. 

Од таму побараа раст на акцизите на сите нафтени деривати, но прелдожија и многу други мерки.


Татјана Штерјова, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори вели дека со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија