03 Мај, 2024
0.0313

Бизнисот бара зголемување на акцизите на нафтените деривати за два денари

Објавено во: Економија 09 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Да се зголеми акцизата на нафетните деривати со што државата ќе собере повеќе пари во буџетот, бара Стопанската комора на Македонија. Барањето е постојната акциза за безоловен бензин да се зголеми за два денара на износ од 23,692 денари, акцизата за гасно масло кое се користи како погонско гориво (евродизел гориво) да се зголеми за два денара на износ од 17,121 денари, додека акцизата за гасното масло што се користи како гориво за греење (екстралесно гориво) да се изедначи со акцизата за дизел горивото, односно да изнесува 17,121 денари. Татјана Штерјова, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори вели дека со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво.


Истовремено, со оваа промена, за да се овозможи заокружувањето на највисоката малопродажна цена на нафтените деривати, се предлага соодветно да биде изменет Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, кој го усвојува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, на начин што износот на трговската маржа, наместо постојниот износ од 5,600 денари, се предлага да биде утврден во износ од 5,388 до 5,812 денари . На тој начин би се заокружил механизмот за формирање на малопродажните цени, а истовремено би се поедноставило постапувањето на сите учесници во процесот на формирање цена на дериватите, процедура која се спроведува на неделно ниво, вели Штерјова.


Зголемувањето на акцизите е дел од пакетот решенија кои во оваа кризна ситуација ги предложи Стопанската комора на Македонија. Оттаму велат дека на сите ни е јасно дека никој нема да може да ги одбегне негативните економски ефекти кои со себе ги донесе коронавирусот, прашањето е само како да успееме што помалку засегнати да излеземе од ситуацијата.

Ги објави претседателот Азески  и нотираше дел од иницијативите. 

Се бара и укинување на можноста екстралесното гориво да се користи како погонско гориво. Штерјова вели дека користењето и употребата на маслото за горење екстра лесно ЕЛ-1 како гориво за греење во практиката е многу тешко да се контролира и во пракса често се изигрува Законот за акцизи, па од страна на потрошувачите се случува маслото за горење екстра лесно ЕЛ-1 да се користи како погонско гориво наместо како гориво за греење. Дополнително, кон ова треба да се потенцира и еколошкиот аспект - екстра лесното гориво ЕЛ-1 во едно литро содржи 100 пати повеќе сулфур во однос на едно литро дизел гориво. 

„Со цел да се стопира оваа појава и со цел да се регулира трговијата, се постави предлогот да се укинат одредбите од Законот за акцизи кои се однесуваат на продажба и трговија со масло за горење екстра лесно ЕЛ-1, или истите да се пренаменат кон регулирање на продажбата и користење на еуродизел горивото и како погонско гориво, но и како гориво за греење, односно како гориво со акцизно повластено користење за што ќе се плаќа повластена акциза со поседување на акцизно одобрение за користење на акцизни повластени добра (еуродизел) издадено од надлежните органи. Во таков случај,доколку потрошувачите докажат со соодветен документ (на пример, фактура за инсталиран капацитет) дека горивото го искористиле или го користат како гориво за греење, за истото да биде пресметана повластена акциза за користење на акцизно повластени добра, односно да можат да извршат поврат на платената акциза во износ до пропишаната стапка на специфична акциза која се однесува за користење на акцизни повластени добра, вели Штерјова.


Комората бара и реактивирање на нафтоводот Скопје-Солун. Имено нивните аргументи се дека нашата земја е една од ретките која на својата територија има нафтовод што не го користи. Транспортот на сурова нафта преку нафтоводот Солун - Скопје беше стопиран во 2013 година, но иако во повеќе наврати беше најавувано неговото рестарирање, тоа се` уште не се случи, иако цевководот е исчистен и е целосно подготвен да биде ставен во употреба. Нафтоводот Скопје - Солун е изграден во 2002 година долж Коридорот 10, има должина од околу 213,5 километри, со капацитет од 360 m³ /h и носивост на транспорт од 2,5 милиони тони нафта годишно.


„Редовното снабдување со нафта и нафтени деривати е уште повеќе важно во вонредните околности, во какви што функционира нашето стопанство денес – без тоа, ниту еден друг сектор нема да може нормално да работи. На неделно ниво се троши 8-10 илјади тони дизел, односно во постојните услови 600-700 камиони се потребни за да се реализира увоз што ќе ги задоволи потребите на македонскиот пазар . Во услови на отежнато одвивање на транспортот преку патната инфраструктура, потребно е што поитно да биде реактивиран нафтоводот, заради обезбедување на непречено снабдување со нафтени деривати и намалување на трошоците, додава таа.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски