19 Мај, 2024
0.0287

Кои проекти се чекаат: И до април Владата не потрошила многу за капитални проекти

Објавено во: Економија 29 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Владата потрошила во првите четири месеци безмалку 11 отсто од парите предвидени за капитални проекти годинава. Министерството за финанансии ги објави податоците за реализација на буџетот до април според кои во овој дел има мало раздвижување во оваа ставка, кое сепак не е доволно. Така ако во првиот квартал или во првите три месеци беа реализирани 7,4 отсто од капиталните проекти за само еден месец реализацијата се искачи до 10,92 проценти. Но остануваат уште осум месеци во кои треба да се потрошат сите предвидени пари. А на капиталните проект се темели во најголем дел и очекуваниот раст на домашната економија годинава. Познавачите очекуваат проекцијата да биде намалена со најавениот ребаланс на буџетот.

Според податоците државата потрошила за четири месеци 42,8 милиони евра за капитални проекти, додека заклучно со март за таа намена беа потрошени само 29 милиони евра. За цела година во годишнешниот буџет Владата испланира з акапитални проекти да потроши 393 милиони евра.

Во неодамнешниот дуел на јавниот сервис со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, премиерот Зоран Заев изјави дека реализацијата на капиталните проекти е слаба затоа што немало добри проекти.

„Затекнавме искривоколчени проекти како за автопатот Кичево-Охрид којшто и ден денеска не можеме да го решиме. Работевме цела зима на проекти. Продолжуваме чесно да работиме и резултатите ќе дојдат и од крајот на мај ќе почне засилена реализација на капиталните проекти“, рече Заев.

Инаку според најновите податоци за реализација на буџетот, заклучно со четвртиот месец државата собрала 31,25 отсто од вкупните приходи, а потрошила 29,76 отсто од планираните расходи за годинава.  Буџетскиот суфицит изнесува 41,3 милиони евра, што значи дека државата за четири месеци потрошила безмалку 14 отсто од планираниот минус за годинава.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа