03 Мај, 2024
0.0260

Кои градежници имаат 4 милијарди денари приходи од продажба?

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

„Гранит“ и „Бетон“ се главни играчи на градежниот пазар. Заедно двете направиле 4 милијарди денари. „Бетон“ книжи голем пад на продажба, огромен пад на добивка, а единствено позитивно е тоа што ги намалил трошоците за камати во однос на лани. „Гранит“ годинава држи статус кво на добивка, а има раст на приходи од продажба за 18 отсто.

„Гранит“ и „Бетон“ двете домашни најголеми и најпознати градежни компании во првите девет месеци годинава книжеле приходи од продажба во износ од 64,7  милиони евра, покажуваат финансиските извештаи на двете компании.

„Гранит“ е поголемиот генератор на приходи, а кај него тие бележат раст во споредба со лани. Наспроти него „Бетон“ кој за првите девет месеци има пад на приходите од продажба. Приходот од продажба на „Гранит“ пораснал сосема солидно – за 15 отсто во споредба со лани односно за 366 милиони денари (6 милиони евра). На домашниот пазар реализацијата изнесува 2,618 милијарди денари што е за речиси 400 милиони денари подобро од истиот период лани односно за 18 отсто. Кај „Бетон“ реализацијата е 1,251 милијарди денари и тоа е за 16 отсто послабо од истиот период лани. Кај „Бетон“ учеството за домашните деловни активности било 100 отсто од сите приходи. Податоците покажуваат дека двете најголеми градежни компании се речиси целосно зависни од домашниот градежен пазар.

Како оди бизнисот? Покажува оперативната добивка

„Гранит“ има оперативна добивка во износ од 178,5 милиони денари. Тоа значи 3,3 милиони евра во плус од деловните активности. Во споредба со истиот период лани таа пораснала за 38 отсто и овој параметар сигурно ќе ги зарадува акционерите на „Гранит“.. Кај скопски „Бетон“ ситуацијата е многу поразлична е неповолна. Оперативната добивка изнесува само 2 милиони денари и во однос на лани кога била 47,6 милиони денари бележи огромен пад. Сега оперативната добивка е само 4 отсто од ланската.

Како ја кредитираат работата „Гранит“ и „Бетон“?

Официјалните податоци покажуваат дека двете компании за девет месеци заедно на банките за камати платиле над 55 милиони денари што е малку под еден милиони евра. „Бетон“ платил повеќе за камати од „Гранит“ иако врши помал обем на работа. „Бетон“ за камати и курсни разлики платил 33,7 милиони денари, а „Гранит“ во истиот период платил 12,2 милиони денари. Позитивно кај „Бетон“ е тоа што се намалени трошоците за камати и за курсни разлики во однос на лани и тоа за 27 отсто односно за речиси 13 милиони денари. Кај „Гранит“ тие расходи се 12,2 милиони денари и во споредба со лани се поголеми за 26 отсто односно за 2,5 милиони денари.

И двете компании се во плус од аспект на соодносот меѓу финансиски приходи и финансиски расходи.

Кој каква добивка има?

„Гранит“ на крај на септември има добивка од 3 милиони евра. Во споредба со лани таа е пониска за 3 отсто. Од ова може да се констатира дека „Гранит“ изработил на исто ниво како и лани. „Бетон“ за првите девет месеци има добивка од 181.500 евра. Неговата добивка во споредба со лани паднала за 80 отсто!

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен