05 Декември, 2025
0.0992

КОГА СЕ ЌЕ ЗАВРШИ: Италија ќе стане поевтина дестинација за одмор?

Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Април, 2020 06:54

Добивај вести на Viber

Големи се шансите откако ќе заврши корона кризата, и Италија целосно ќе се нормализира, земјата да нуди пониски цени за туристите.

Италија ќе стане поевтина за одмор од претходно. Многу луѓе ќе бидат претплазиви и ќе ја избегнуваат земјата која беше на удар на коронавирусот и имаше голем број жртви.

„Што се однесува до туризмот во Асиси каде што работам, цените веќе беа доста ниски пред коронавирусот и затоа не мислам дека ќе се намалат. Во моментов е катастрофа, има само откажувања, но за неколку дена ќе имаме детални информации“, велат од сместувачки капацитет во Асиси.

Откако опасноста ќе заврши, сопствениците на капацитети се надеваат дека туристичката сезона ќе се стабилизира. Но, во никој случај нема да биде како претходните години. Заагуби секако ќе има, а оние кои ќе се охрабрат да летуваат во Италија ќе поминат поевтино.

„Mинатата година имавме многу гости од цел свет, но и многу Италијанци. Можеби ќе биде поевтино за странците, но само на местата каде цените беа многу високи. Не знам дали само Италијанците можат да ја спасат сезоната, се сомневам. Ние сме во Неапол. За среќа имаме резервации за јули и август, но тие резервации се направени пред епидемијата. Засега нема нови резервации“, вели Роса Буонфантино, сопственичка на вила во Неапол.

Сицилија, има  план како да ги привлече туристите. Регионалната влада одлучила да ги покрие трошоците за половина од цената на авионскиот билет, една од три ноќи во хотелот, како и да подари билети за музеи и археолошките наоѓалишта.

Во Италија, 13 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) доаѓаат од туризмот.

Најмалку 152 лекари починале во Италија од почетокот на појавата на коронавирусот, според податоците објавени на веб-страницата на италијанската Национална федерација на хирурзи и стоматолози.

Вкупниот број смртни случаи поврзани со коронавирус во Италија достигна речиси 27.000 од почетокот на епидемијата, а заразени се 199.400 луѓе. Бројот на закрепнати надмина 66.000.

Властите во Италија и Франција ги повикаа граѓаните да летуваат во својата земја. 

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви

(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?