17 Мај, 2024
0.0384

КОГА ЛУМПУВАТЕ СО СТОЛИЦИ У ВИС, ПОМИСЛЕТЕ НА 523 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ - Јанкуловски од Центарот за јавно здравје

Објавено во: Македонија 08 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓаните веќе го препознаваат како Космонаутко, бидејќи е облечен во скафандер и без речиси ниту еден слободен ден откако почна епидемијата со коронавирусот, секојдневно зема брисеви од граѓани кои имат симптоми и бараат тестирање.

Станува збор за Денис Јанкуловски, кој е вработен во Центарот за јавно здравје, денеска излезе со нов, многу сериозен и емотивен статус кој се однесува на граѓаните кои не ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19. И на самиот стаус е потпишан како Космонаутко. Го боли бројот на 200 новозаболени само денеска, но и на 523 изгубени животи досег од коронавирусот.

„200 новозаболени....боли. Секојдневно боли што има речиси ист или приближен број на заболени. Боли што не можеме да се разбереме, немаме комуникација, нема слушање, нема почитување на мерки.

Многу повеќе боли 523 починати. Тоа се 523 лица нечии роднини, нечии браќа и сестри, мајки, татковци баби и дедовци, пријатели, комшии, другари, нечии ортаци од патија шах во парк. 523 раскажувачи на приказни од минатото на своите внучиња. 523 родители на наши најдобри другари.
523 насмевки, прегратки, радости за родендени, свадби, крштевки.
523 Добро утро и Лека ноќ.
523 наши луѓе, сонародници, сожители, соседи.
Боли и еден загубен живот. А 523?!?! Сакате и со зборови?
ПЕТСТО ДВАЕСЕТ И ТРИ!!!!!!!!!!!!
А дали знаете дека тоа се 523 лица кои и не морале да заболат и починат? Но ете, ја имале таа несреќа да живеат во средина со многу мангупи, мангупи кои од почеток кријат за својата состојба а положиле Хипократова заклетва, мангупи на кои им е побитна свадбата отколку општото здравје, мангупи кои не сакаат да носат маска, не почитуваат дистанца, тие мангупи и непромисленици НЕ МОЖАТ без денска шема, одмор со крајно нехумано однесување, тие едноставно не можат без Viski i dzin to je sada in, за нив препораките од Министерството за здравство се гола вода затоа што се лага и превара освен веродостојните информации од edikojsibezvrska.poglupsajtdanemozedabide.com и кои ги прифаќаат толку лесно и безрезервно да не можеш да поверуваш.
Иако можевте многу порано сеуште не е доцна - покажете доблест, покажете малку човечност ако ја има во вас. Имајте милост кон хроничните болни, кон оние кои се ослабен организам и имунитет, можеби вие мислите дека немате такви во близина ама знајте дека и не се така далечни.
Ако веќе не се грижите за себе тогаш имајте милост кон останатите кои со ништо не згрешиле да се ваши жртви додека вие лумпувате со столици у вис.
Во ова време невреме децении наназад се зголемува бројот на луѓе кому овој и вакви вуриси и бактерии се потенцијален exitus letalis или СМРТ!!!!СМРТ....СМРТ....СМРТ....
Не знам како не ви значат овие бројки и како мислите на пример да заврши ова? Ќе дојде некој Хари Потер и ќе рече expecto patronum corona ciao? Дајте совземете се, чукнете се повеќе пати и размислете. Знаете дека и вие може да се заразите или еден на некој линк рече дека сте заштитени?
Сите имате некој близок кој е во ризична група, а како што гледате не се само старите лица. Речете си еднаш во овие 6 месеци, чекај бе, може имаат право. Па и нека е вештачки, нека е и направен во некоја лабораторија, нека е се масло на Бил или некој неБил. Што е тоа битно или пресудно? Ако знаете дека е направен во АРЕА 51 помирно ќе спиете? Еве ок, вештачки е?
И сега? Што? Ќе смениме нешто во концепцијата на однесување? Има различен settings за природен и вештачки? Полесно е ако е едно а не е друго? Не знам, затоа прашувам.
Уф, многу се нервирам што ќе го кажам ова после месеци и месеци ама еве ајде со надеж дека некому ќе светне сијаличката:
Корона вирусот е тука и присутен, каков и да е. Дали се со симптоми, лесни, благи или потешки, дали се асисмптоматски - позитивни се сакале да верувате или не. И до вас се, доволно е да погледнете малку подалеку од вашето раме.
А заклучно со денес 523 лица за жал тоа го осетија на своја кожа, неповратно. Бог да ги прости.
А вам не ви простувам за однесувањето, извинете вака. Па и да не ми извините, исто ви е, го завршува Јанкуловски својот статус.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање