18 Мај, 2024
0.0295

Кога ќе стигне гасот до Скопје и поголемите македонски градови?

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Гасификацијата е најважниот енергетски проект на кој инсистираше СДСМ додека беше во опозиција и ќе мора да го реализира што поскоро додека е на власт, секако во зависност од умешноста за совладување на сите политички, економски и инфраструктурни пречки. Ако се земат во предвид укажувањата на директорот на државната компанија Македонски енергетски ресурси Благојче Котески првите поголеми ефекти од гасификаџијата треба да ги очекуваме најрано за две години. 

„МЕР го развива транспортот и го носи гасот до главната регулациска станица во градовите, а  оттаму самите општини ќе треба да преземат иницијатива, да ја средат потребната документација и да овозможат структура која ќе ја врши дистрибуцијата во градската средина. Ако овие две активности се вршат паралелно, значи додека ја градиме националната мрежа, а општините го почнат својот дел, кој за нив стартуваше од 18-ти декември, ќе имаме ситуација во која ќе бидеме благопријатно изненадени од брзината на гасификацијата на државата, вели Котевски“ во интервју за МИА.

Котевски потенцира дека е донесен гас до блок станица Штип и дека до јануари 2020 година треба да се стигне до Битола, а во тој период ќе може да бидат гасифицирани и Прилеп, Неготино и Кавадарци.

Активностите на првото градилиште Блок станица 5 до Неготино,  се при крај и се реализирани 84-85 проценти. Предвидениот рок, средината на декември, како што вели  е надминат, а како проблем ги наведува експропријацијата, но како што вели и пристапот на претходната власт кон МЕР.

За второто градилиште на потегот од Неготино до Битола, во должина од 40 километри, во периодов додека нема градежни активнисти на терен се подготвува  документацијата за решавање на имотно-правните односи за, како што посочува, подготвени да влезат во градежната сезона. За третото градилиште ЛОТ 5, од Скопје кон Гостивар со крак за Тетово, од изведувачите е побарано да достават документација за да може да се решавааат имотно-правните односи за овој потег.

– Спорните места во однос на самиот проект ќе се решаваат  паралелно со градбата  на планираните 45 километри, за да можеме во 2019 година да влеземе со решени имотно-правни односи и чиста ситуација на терен  и таа година да ни биде исклучиво за градба, вели Котевски и додава дека следната година освен имотно-правни односи ќе треба да се решаваат и  недостатоци во однос на проектната документација која ја затекнале.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа