Кога ќе се формира собраниското тело за помирување за „крвавиот четврток“?
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018
Се очекува од понеделник да се пристапи кон формирање на собраниско тело за помирување.
Ова го најави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов. Ова собраниско тело ќе води до помирување меѓу пратениците во однос на она што се случи на 27 април минатата годин.
Други детали засега нема за ова тело.
Обвинетите за насилството во Собранието во прогласот до јавноста
рекоа дека прифаќаат национално помирување и обединување.
На 27 април лани или попознато како „крвавиот четврток“, имаше упад во Собранието на денот кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, при што беа тепани пратеници. Со сериозни повреди се здоби Зијадин Села од Алијансата за Албанците.
Неодамна премиерот Зоран Заев повика на помирување за 27 април.