18 Мај, 2024
0.0295

Кочо Анѓушев: Не чека уште една непредвидлива година полна со предизвици

Објавено во: Економија 29 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, како претседател на Македонската енергетска асоцијација ги изнесе своите впечатоци за годината што поминува, опишувајќи ја како најпредизвикувачка за стопанството по Втората Светска Војна која ни помогнала да научиме што значи тоа да не се инвестира во овој значаен сектор, како што вели тој, 30 години.

Позитивно за универзитетскиот професор во 2022 е олеснувањата за инсталирање на сопствени фотоволтаици на имотот на компаниите и домаќинствата и зголемувањето на нивниот дозволив капацитет.

„Годината која е зад нас ја оценувам како најпредизвикувачка година за стопанството по Втората светска војна. Предизвикот за бизнисот во 2022 година беше огромен, од една страна поради ескалација на енергетската криза, а од друга страна од кумулативните проблеми кои се собираа и во претходните две години за време на „Корона кризата“.

Во 2022 година сите ние и граѓаните и стопанството видовме што значи да си енергетски независен, односно во случајот со Република Северна Македонија енергетски зависен и сега разбравме што значат нереализираните проекти во енергетиката во последните 30 години, ако го земеме предвид само периодот по независноста.

Ние во МЕА направивме рана детекција на предизвиците и предложивме конкретни мерки за да се ублажи кризата, добар дел од нив беа прифатени и со нив успеавме делумно да го амортизираме ударот од цените на електрична енергија. Ако може да истакнам нешто позитивно, ме радува тоа што се олеснија условите за изградба на фотоволтаични централи на крововите на индустриските објекти и што се зголемува инсталираниот капацитет на обновливи извори на енергија, но и тоа што надлежните органи ги прифатија нашите совети за максимизирање на домашното производство на енергија, но за жал со таа енергија се помогна само на домаќинствата и малите компании кои се на регулиран пазар. Компаниите кои се на слободен пазар, а кои се носители на економското работење во државата, не добија никаква помош. Имајќи предвид дека во сите земји во регионот стопанството беше целосно помогнато, македонските компании изгубија на конкурентност“, пишува Анѓушев.

Истовремено тој ги изнесе и своите очекувања за 2023, година во која смета дека ќе има уште поголемо искористување на природните потенцијали на земјата во полза на енергетската независност.

„Не би сакал да употребувам празни фрази за честитка и убави желби за 2023 година, затоа што мислам дека тоа во овој момент не ни е потребно. Не чека уште една непредвидлива и полна со предизвици година. Би сакал да ги поттикнам сите чинители, граѓаните, стопанството, државните органи, да продолжат да спроведуваат проекти со кои ќе го реформираме енергетскиот систем. Да инвестираме во диверзифицирани обновливи извори на енергија и да ги користиме максимално природните потенцијали на нашата земја. Енергетските проекти не се приказна од еден ден, еден месец или една година. Енергетиката е приказна која трае и за реализација на секој еден енергетски проект е потребно многу време. Да создадеме сите заедно една убава енергетска приказна во Северна Македонија, но тоа може само со јасен план, многу работа и целосна посветеност на целите, а не на проблемите. Енергетската независност мора да биде наша цел и сите треба да работиме за да ја оствариме“, дополнува претседателот на асоцијацијата.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра