Кобно утро кај Кочанско-„Пежо“ удри и прегази пешак
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2017
Утрово околу 06.40ч. во с.Прибачево (Кочанско) на м.в „Пруга“, со патничко моторно возило „Пежо“ управувано од засега непознато лице удрило во пешак, соопштија од МВР.
Од ударот пешакот починал на лице место.
Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.