19 Мај, 2024
0.0278

Коалицијата на Сириза и Независните Грци заедно ги држи само една работа!

Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Десничарската партија на Незавсните Грци, со која радикално левичарската Сириза склопила коалиционен договор, на прв поглед изгледа како чуден партнер за победник на изборите во Грција, но двете партии ја делат омразата кон мерките кои на нивната земја и ги наметнале меѓународните кредитори, оценува денеска британски Гардијан.

Сириза на вонредните парламентарни избори освоила 36,3 одсто од гласовите, односно 149 од 300 места во парламентот, и така за малку ја пропуштила можноста самостојно да формира влада.

Нејзиниот лидер Алексис Ципрас, идниот премиер на Грција, одлулил да и се обрати на партијата на Независните Грци, кои на изборите освоите 13 места, и тие веднаш се согласиле да му дадат подршка.

Двете партии, и покрај омразата на мерките за штедење и меѓународниот пакет на помош, многу се разликуваат во ставот за светските прашања, илегалната миграција, секогаш проблематичниот однос со Турција, геј браковите и улогата на Грчката православна црква, наведува Гардијан.

Под лидерот Паносом Каменос, кој ја напуштил Нова демократија, партијата на десниот центар како во екот на кризата во февруари 2012 би формирал своја партија, Независни Грци, таа партија докажала дека е горчливо националистичка во надворешно-политичките прашања.

Каменос е посебно горлив кога станува збор за барањата за воена одштета, за која тврди дека никогаш не се решавани на одговаралкиот начин, после бруталните нацистички окупации, пишува Гардијан.

 Обвинет е дека е антисемит кога минатиот месец се потврдило дека грчките Евреи плаќаат помал данок отколку останатите граѓани. Неговата партија е дел од политичката група на Европските конзервативци и реформисти во Европскиот парламент, која е основана како аманет на Дејвид Камерон, британскиот премиер.

И Сириза и Независните Грци се сложуваат, меѓутоа , дека треба да се завршат мерките за штедење, и двете имаат остар став за посебно чуствителното прашање дали грчкиот национален суверинитет е осиромашен како резулатат на шестгодишното управување на Атина со меѓународните кредитори, таканаречени омразени „тројки“.

Независните Грци, баш како и Сириза тврдат дека странските кредитори ја претвориле земјата во „должничка колонија“.

Двете политички сили во Собранието на Грција исто така соработувале во блокирањето на изборот на новиот претседател, што на крајот довело до вонредни парламентарни избори.

Гардијан оценува дека Сириза и Независните Грци, кои отворено ги отфрлаат договорите кои претходната влада ги потпишала со меѓународните кредитори од ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, ќе бидат тешок преговарачки тим кога овој месец бидат продолжени разговорите со „тројката“.

Исто така, Гардија додава и дека влегувањето на Каменос во владата нема да биде поздравено во Берлин, кој обезбедил најголем дел од 240 милијади помош за Атина да не банкротира.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел