19 Мај, 2024
0.0256

Кој е Алексис Ципрас, синот го крсти по Че Гевара и е иден премиер на Грција?

Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Лидерот на левичарската партија Сириза, Алексис Ципрас, ќе биде нов премиер на Грција, откако неговата партија победи на изборите одржани викендов. Една од најважните работи е што Ципрас и Сириза, се противат на мерките за штедење што им ги наметнува Европската унија.

За европските банкари и бирократи победата на оваа партија создава главоболки, бидејќи нови проблеми во Еврозоната, се последната работа што им треба во ЕУ.

Овој 40-годишен поранешен комунист, партијата ја основа во 2000 година како ултралевичарска партија, а сега успеа да се избори против етаблираните партии што со децении ги водат истите луѓе - конзервативната Нова Демократија и социјалистичката Пасок. За разлика од нив, тој има имиџ на обичен човек и речиси никогаш не носи вратоврска.


CIPRAS1
Неговите противници, по ветувањата што ги даде во текот на кампањата велат дека е Хари Потер, бидејќи сметаат дека нема да биде во можност целосно да ги реализира.

Дали Алексис Ципрас некогаш ќе носи вратоврска? Во неделите пред неговата победа во вчерашните избори, ова прашање беше често поставувано до лидерот на СИРИЗА.

Ципрас без двооумење изјави дека нема да носи никогаш. "Не носев, дури и кога отидов кај папата", вели тој.

Во тоа е суштината на човекот кој стана најмладиот грчки премиер. Тој е нестандартен во секој поглед, пишува британскиот весник Гардијан. Роден е четири дена по падот на десничарската воена хунта во 1974 година Ципрас израснал опкружен со зла на грчкото општество: корупција, недостиг на меритократија, подобност, а не способноста за вработување.

Дипломирал на Техничкиот универзитет и со политиката, почнал да се бави, вели тој бидејќи бил фрустриран од систем во кој живеел. Ципрас и семејство никогаш не патувале надвор од Грција. Ципрас не знаел англиски јазик, па во триесеттите години, научил, од читањето книги во своето слободно време.

Идниот премиер на Грција, веќе 20 години и е верен на својата љубов од средношколските денови Перистера Бицијана. Иако невенчани тие живеат заедно и имаат два сина. Ципрас со своето семејство живее во седумкатна зграда во близина на отпад, во скромен и работнички дел на главниот град на Грција. Едниот од неговите синови се вика Ернесто по кубанскиот револуционер Че Гевара.

ZENA

Ципрас како млад се приклучил во младинското комунистичко движење и станал еден од најгласните активисти.

Неговите ставови, младоста и имиџот на обичен човек, му помогнаа во последните три години да стекне поголема популарност, особено поради тешките економски мерки што на Грците им ги наметнува Европската унија.

Тој треба да стане најмладиот шеф на владата во Грција уште од 1865 година.

Весникот на крајот констатира дека иако Ципрас дал ветувања што веројатно нема да може целосно да ги реализира, неговата порака за отпор против омразените мерки на интернационалните кредитори, ги освои симпатиите на милиони Грци.

Мешавина на смелост и харизма кои ги поседува Ципрас очигледно е адут на политичерот што ќе ја стресе Европа.

К.К

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел