12 Август, 2020
0.0170

Клучен момент во патувањето кон иднина без чад

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2020

Одлуката од светски реномираната Агенција за храна и лекови на САД да го стави IQOS (ајкос) на Филип Морис во категоријата производ со модифициран ризик ги предизвика научниците, иноваторите, здравствените лица и корисниците да зборуваат за важноста на таквата одлука. На веб-брифинг со претставници од медиумите, луѓето од компанијата одговорија на различни прашања во врска со одлуката на Американската агенција за храна и лекови. Со оваа одлука, несомнено се потврдува дека IQOS е фундаментално различен од цигарите и е многу подобар избор за возрасните пушачи кои целосно би се откажале од цигарите и би се префрлиле на IQOS. Според говорниците, возрасните пушачи сега имаат пристап до информации кои ќе им помогнат во изборот дали да се откажат од пушењето, или пак ако продолжат, да одберат подобар производ. Сепак, најдобриот избор останува, а тоа е целосно да се откажат од пушењето.

“Одлуката на Американската агенција за храна и лекови го прави IQOS првиот и единствен електронски производ со никотин што ќе добие статус на производ со модифициран ризик. Ова е историска пресвртница за јавното здравство и исто така, значаен чекор напред во нашата заложба да испорачаме иднина без чад од цигари. Одбележуваме клучен момент во патувањето што го започнавме пред повеќе од една деценија во нашиот центар за истражување и развој во Нојшател, Швајцарија”, вели потпретседателот за научни и стратешки комуникации, д-р Мојра Гилхрист.

Независниот преглед на научните студии кој го направи Американската агенција за храна и лекови зборува дека IQOS е фундаментално различен од цигарите, а овој заклучок следи на претходните заклучоци од другите водечки регулаторни и научни тела, вклучително во Велика Британија, Германија и Холандија, кои утврдија дека производот испушта пониски нивоа на штетни материи во споредба со цигарите.

“Сега другите регулатори треба да дејствуваат гледајќи ги научните докази внимателно и објективно. Мажите и жените кои пушат, не заслужуваат ништо помалку. Игнорирање на таков ветувачки производ - или третирање на истиот како цигара - едноставно не е опција поддржана од науката”, изјави д-р Мојра Гилхрист.

Филип Морис Интернешнал работи на оваа иновација во последните 15 години, инвестирани се милијарди долари во развој, повеќе од 400 научници и експерти за истражување и развој се ангажирани на создавањето подобри алтернативи за цигарите, кои им се достапни на сите кои инаку би продолжиле да пушат.

Одлуката е донесена врз база на сеопфатна наука и регулатива заснована на докази кои потврдуваат дека производите што содржат никотин подлежат на ризик, а можат да им помогнат на возрасните пушачи, брзо да се префрлат на подобри алтернативи и истовремено да се заштитат од несакани последици.

“Време е да ја примениме науката за креирање политики и да ја искористиме оваа огромна можност за јавното здравје”, додаде д-р Мојра Гилхрист и го заврши своето обраќање на медија брифингот.


Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Донација од ЕуроникелИндустри за Општата болница во Кавадарци

Донација од ЕуроникелИндустри за Општата болница во Кавадарци

Книгата „ Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот во сите книжарници „Литература.мк“

Книгата „ Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот во сите книжарници „Литература.мк“

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком

Huawei ќе ги лансира производите од Matebook серијата на лаптопии на македонскиот пазар

Huawei ќе ги лансира производите од Matebook серијата на лаптопии на македонскиот пазар

Mozzart донираше пакети овошје во повеќе болници низ државата

Mozzart донираше пакети овошје во повеќе болници низ државата

Creative Hub Скопје го одржува првиот HR Virtual Transformation Summit

Creative Hub Скопје го одржува првиот HR Virtual Transformation Summit

НАД 3.500 ФИНАЛИСТИ НА ТИПСТЕР КУПОТ НА SPORT LIFE! - Од денес стартува финалето за главната премија – стан на Водно!

НАД 3.500 ФИНАЛИСТИ НА ТИПСТЕР КУПОТ НА SPORT LIFE! - Од денес стартува финалето за главната премија – стан на Водно!

ПРЕСТИЖ ВО АКАДЕМСКИОТ СВЕТ – ЛОНДОН МЕТРОПОЛИТЕН УНИВЕРЗИТЕТ

ПРЕСТИЖ ВО АКАДЕМСКИОТ СВЕТ – ЛОНДОН МЕТРОПОЛИТЕН УНИВЕРЗИТЕТ