19 Мај, 2024
0.0316

Клима уреди и компјутери – донација од ОКТА за Општата болница во Гостивар

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Општата болница во Гостивар доби клима уреди и компјутери, донација од компанијата ОКТА. Соодветно на потребите на болницата, опремата e наменета да ги подобри условите за пациентите, како и за вработените, обезбедувајќи средства за поефикасна работа на административната служба. Донацијата е дел од стратегијата на компанијата за корпоративна социјална одговорност и грижа за општеството.

„Свесни сме за улогата што како една голема компанија ја имаме кон заедницата во која работиме и затоа грижата за општеството е секогаш во фокусот на нашето делување. Истото сме го демонстрирале преку различни хумани активности, кампањи и донации кои се секогаш наш одговор онаму каде помошта е најпотребна. Здравствените установи се институции што нè засегаат сите нас како граѓани и затоа нивната состојба треба да биде сечија грижа и можност за помош. Како важен деловен субјект во оваа држава остануваме посветени на добросостојбата на граѓаните и подобрување на секојдневието“, изјави Јанис Героуланос, Главен извршен директор на ОКТА.

За директорот на Гостиварската болница оваа донација има големо значење.

Како јавна здравствена установа преку буџетот на болницата ја набавуваме неопходната медицинска апаратура и средства, што ни се приоритети, меѓутоа секогаш имаме потреба од  подобрување и на останатите услови. Сето тоа оди во прилог на побрза и поефикасна работа на целиот персонал и подобри услови за пациентите. Оваа донација од компанијата ОКТА е пример за активната грижа на бизнис секторот за заедницата и за јавните установи, а резултатот што ќе го почувствуваат пациентите ја дава вистинската вредност на донацијата“, изјавиИлбер Адеми, директор на Општата болница во Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст